ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Двајца странци сомнителни на корона вирус во карантин во хотел во Скопје

Во соработка, пак, со телекомуникациските оператори се работи на техничко решение – сите странци кои ќе доаѓаат во земјава да бидат известени со порака што да преземат ако имаат симптоми. Содржината на пораката би била слични како на флаерите што се делат на граничните премини.

March 5, 2020 13:42
in ДЕНЕС
Share on FacebookShare on Twitter

На предлог на епидемиолозите ќе и биде предложено на Владата да ја продолжи препораката за неодржување масовни јавни соби, а спортските натпревари да се играат без публика за уште една недела, до 13 март, поради корона вирусот, соопшти денеска министерот за здравство Венко Филипче на прес-конференција во Владата.

Тој информираше дека во моментов се чекаат резултатите од брисовите на двајца странци, кои треба да покажат дали се инфицирани со корона вирус.

-Тие се сместени во еден хотел во центарот на Скопје и засега ќе останат во изолација во хотелската соба. Имаат слични симптоми на настинка. Тим од епидемиолози веднаш е испратен во хотелот, земени им се брисови и испратени на тестирање на Инфективната клиника и резултатите ќе се знаат за неколку часа. Тие пристигнале на 28 февруари, едниот е од Австралија, другиот од Сингапур, кои со „Визер“ од Келн дошле заедно тука. Екипа на епидемиолози разговараат со нив за контактите кои ги имале и што правеле откако се дојдени, истакна министерот Филипче.

Во соработка, пак, со телекомуникациските оператори се работи на техничко решение – сите странци кои ќе доаѓаат во земјава да бидат известени со порака што да преземат ако имаат симптоми. Содржината на пораката би била слични како на флаерите што се делат на граничните премини.

Покрај веќе преземените превентивни чекори, во зависност од развојот на состојбата ќе бидат разгледани евентуално поригорозни мерки на заштита.

Од нашиот конзулат во Италија е добиено известување дека има зголемен интерес за враќање на македонските државјани во земјава. Се прават напори тоа да се одвива на организиран начин со цел да се има подобар увид во ситуацијата.

Филипче кажа и дека се зголемува бројот на случаи на коронавирус во Европа и информациите од денеска се дека досега се заболени 4250 лица, што е 1000 повеќе од вчера.

Од земјите во регионот, во меѓувреме се пријавени уште еден случај во Словенија и двајца заболени во Република Српска.

 

Next Post

Сарачини: Говорот на омраза функционира оркестрирано, баш како во Орвеловата „1984“

НАЈНОВО

ТВ Телма за објавата на Апасиев: Имаме професионален и еднаков однос кон сите кандидати

October 30, 2025

Мицкоски: Нашата држава повторно станува силна, стабилна и горда

October 30, 2025

СДСМ: Нема никаква поддршка за кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ, Сотир Лукровски

October 30, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Апасиев: Орце бега од дебата на Телма со Амар

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Марко Виденовиќ за настапот во „Музикферајн“: Кулминација на совршенство, волшебна ноќ со која испишавме нова страница во историјата на македонската култура

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Разговор на двајца аналфабети од градски политики

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кипар воведува семафори со женски фигури за пешаците

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Глобален пад на Microsoft услугите: Погодени Azure, Microsoft 365, Xbox и авионски компании

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk