ЦИВИЛ денеска ќе одржи прес конференција за наодите од долгорочниот мониторинг на изборниот процес, во хотел Сити Парк (кај општина Центар), со почеток во 12 часот.
На прес конференцијата ќе бидат презентирани активностите и плановите за изборниот мониторинг на ЦИВИЛ, како и досегашните наоди од мониторингот.
Воедно, прес конференцијата ќе биде можност јавноста да биде запознаена со плановите на ЦИВИЛ, во пресрет на изборите да ја засили борбата против хибридните закани против демократијата. Дел од активностите се состои и во јавно обелоденување на лажните вести, дезинформациите, говорот на омразата и други облици на црна пропаганда што ќе ги пријават набљудувачите на изборите и граѓанските новинар(к)и.
ЦИВИЛ ќе почне со подготовка на листа од медиуми, профили на социјалните мрежи и други ентитети што чие дејствување е насочено против добрите изборни практики, демократијата и етиката во јавниот простор во земјата.
Организаторите на прес конференцијата напоменуваат дека пресот ќе започне точно на време. Се замолуваат редакциите да ги испратат своите екипи на време.
Веднаш по прес конференцијата, во 12:30 часот, ќе започне панел дискусијата „Говорот на омразата: Состојби и решенија“.