Сопружници од Дебар се заразени од корона вирус, информираше Министерството за здравство откако денеска биле тестирани и нивните резултати се позитивни на вирусот.
Тие пред неколку дена се вратиле од Италија.
Министерството за здравство ги собира деталите за пациентите.