ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

ИДУЕП достави иницијатива за граѓанска и натпартиска платформа за дигитализација

Во нашата држава, додаваат, подолг временски период се спроведуваат одредени процеси кои треба да водат кон целосна дигитализација на општеството, но се одвиваат со недоволно брза динамика.

March 6, 2020 11:27
in ДЕНЕС, СОЦИЈАЛНИ МРЕЖИ
Share on FacebookShare on Twitter

Институтот за добро управување и евроатлантски перспективи (ИДУЕП), до политичките партии и државниот врв достави иницијатива за граѓанска и натпартиска платформа за дигитализација. Целта на иницијативата е да ги поттикне политичките партии во рамки на своите предизборни активности да стават акцент на дигитализацијата, односно да се обврзат на заедничко, брзо и ефикасно спроведување на овој процес од интерес на граѓаните.

Дигитализацијата, порачуваат од ИДУЕП, е процес кој веќе го одбележува 21 век. Во нашата држава, додаваат, подолг временски период се спроведуваат одредени процеси кои треба да водат кон целосна дигитализација на општеството, но се одвиваат со недоволно брза динамика. Очекуваат сите политички партии да се обврзат да ги предвидат за почеток на приоритетна и интензивна реализација и ги поттикнуваат партиите тоа да го нагласат и во своите платформи, програми, како и јавни настапи во предизборието.

-Би сакале да поттикнеме промена во досегашниот начин на дејствување на партиите, односно поставување на дигитализацијата на општеството како натпартиска платформа која е од интерес на секој граѓанин. Тоа подразбира заедничка работа и соработка помеѓу сите политички чинители, надлежни институции, како и неселективно вклучување на медиумската и експертската јавност, граѓанскиот, бизнис секторот и донаторската заедница во нашата земја. Ваквиот широк пристап е важно да се нагласи од страна на партиите уште во нивните предизборни платформи, како и во јавните настапи за време на кампањата за претстојните избори, велат од ИДУЕП.

Во делот за дигитализацијата, посочуваат, е неопходно постојана соработка, наместо конфликт и собирање голи политички поени од кој било политички субјект.

-За таа цел, ги поттикнуваме политичките партии јавно да се обврзат дека доколку победат на изборите, во овој инклузивен процес ќе ги вклучат и останатите политички чинители. Исто така, ги поттикнуваме партиите доколку не успеат да освојат владејачко мнозинство, јавно да се обврзат дека ќе дадат поддршка и целосно ќе се вклучат во рамки на овој инклузивен процес кој институциите веднаш по изборите е неопходно да почнат многу поинтензивно да го спроведуваат, порачуваат од ИДУЕП.

Реформата на јавната администрација, нагласуваат, треба да се заснова на дигитализација на јавните услуги.

-Реформата на јавната администрација може многу побрзо и поефикасно да се спроведува доколку се базира на воведување на дигитализацијата во сите ресори. Граѓаните очекуваат од административниот апарат брзи, ефикасни и навремени услуги. Тоа е основно граѓанско право бидејќи сите јавни институции се финансираат и функционираат со парите на граѓаните преточени во Буџетот. Граѓаните, бизнис секторот и другите корисници на услугите на јавната администрација очекуваат конечно воведување на дигитализацијата во сите јавни институции, која меѓу другото, ќе подразбира можност за следење на процесот на одговарањето на прашањата, постапките и барањата, со конкретни задолжени лица за спроведување. На овој начин ќе може да се издвојат службениците кои ревносно и посветено ја вршат својата работа за која се платени од граѓанскиот буџет, но и да се создаде целосно ефикасна јавна администрација, прецизираат од ИДУЕП.

Дигитализација, според нив, значи поголема демократизација, а дигиталната транспарентност е неопходна во борбата со лажните вести.

-Дигитализацијата претставува партнерски процес насочен кон зајакнување на улогата на медиумите во општеството, како и целосна одговорност на властите кон граѓаните. А токму медиумите играат и во иднина ќе имаат уште поголема и поважна улога во борбата против лажните вести. Затоа, дигиталната реформа на секторите за односи со јавност во јавните институции, мора да подразбира и менување на досегашниот пристап главно на пишувачи на соопштенија и закажувачи на прес конференции во сервис за двонасочна комуникација со медиумите, како и со граѓаните преку социјалните мрежи. На овој начин ќе се постигне објавување на брзи, точни и навремени информации што е еден од главните предуслови за ефикасна борба со лажните вести, потенцираат од ИДУЕП и додаваат дека социјалните медиуми и другите дигитални платформи за интеракција, се уште еден партнер на граѓаните и традиционалните медиуми.

Next Post

Брнабиќ: На границите на Србија нема зголемен притисок на мигрантите

НАЈНОВО

Сиљановска-Давкова го прими Извештајот на ЕК за напредокот за 2025 година

November 4, 2025
Фото: Скриншот, видео Јутјуб, Скај

(ВИДЕО) Кралот Чарлс го одликува Дејвид Бекам со витешка титула „Сер“

November 4, 2025
Скриншот

Војната во Судан излегува од контрола, алармираше генералниот секретар на ОН на конференција во Катар

November 4, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Актерката Даниела Иваноска со потресен говор за театарот во Прилеп: Се доделува признание на театар што всушност не постои, каков апсурд

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 4 ноември

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Европа зборува, Македонија стои

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Кралот Чарлс го одликува Дејвид Бекам со витешка титула „Сер“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk