ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home

Контролниот тест на пациентката со корона вирус сега е негативен, нема нови тестирани

Состојбата на пациентката со коронавирус која е хоспитализирана на Клиниката е стабилна. Нејзиниот контролен тест е негативен, но за тоа да се потврди треба да поминат 24 до 48 часа. Тоа ќе го направиме согласно препораките и проценката на клиничката состојба и параметрите денеска или во текот на утрешниот ден по што ќе ја информиравме јавноста. Тоа значи дека доколку контролниот тест е негативен, таа повеќе не е инфективна, значи не може да ја пренесе болеста, истакна денеска на прес-конференција министерот за здравство Венко Филипче

March 6, 2020 13:48
in ДЕНЕС
Share on FacebookShare on Twitter

Во текот на изминатото деноноќие нема нови тестирани за коронавирусот на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби. Состојбата на пациентката со коронавирус која е хоспитализирана на Клиниката е стабилна. Нејзиниот контролен тест е негативен, но за тоа да се потврди треба да поминат 24 до 48 часа. Тоа ќе го направиме согласно препораките и проценката на клиничката состојба и параметрите денеска или во текот на утрешниот ден по што ќе ја информиравме јавноста. Тоа значи дека доколку контролниот тест е негативен, таа повеќе не е инфективна, значи не може да ја пренесе болеста, истакна денеска на прес-конференција министерот за здравство Венко Филипче.

Посочи дека денеска во 13:30 Владата ќе одржи седница на која ќе дискутираат за предлог на Министерството за здравство за продолжување на препораката за неодржување големи масовни јавни собири и одржување спортски натпревари без публика.

Тој рече дека двајца странци со симптоми слични на грип, вчера се тестирани, нивните тестови се негативни, прегледани се на Клиниката за инфективни болести, дадена им е соодветна терапија за нивната здравствена состојба и се пуштени.

– Од вчера попладне со помош на мобилните оператори сите странци кои доаѓаат во државава добиваат тестуална СМС порака во која стои дека доколку почувствуваат за време на престојот некакви симпотоми слични на грип треба да се јават на телефонот на Институтот за јавно здравје. Тоа е една дополнителна мерка со информации како на флаерот кој странците го добиваат или го сликаат на граничните премини, рече Филипче.

Нагласи дека изутрината добиле информација од една наша туристичка агенција дека се очекува група од 20-тина туристи од Сингапур и од Јапонија преку Бугарија на граничниот премин Деве Баир да пристигнат во нашата земја. – Известен е локалниот центар за јавно здравје кој ќе го пречека автобусот. Тие патници ќе бидат детално интервјуирани, по потреба и прегледани. Тие доаѓаат од Романија, каде има веќе регистриран случај со коронавирус, истакна Филипче.

Тој го повтори апелот граѓаните да се придржуваат до мерката за одржување лична хигиена, темелно миење и дезинфекција на рацете, а воедно информираше дека дистрибуцијата на дезинфекциски средства низ училиштата веќе е почната.

– Вчера беа дистрибуирани количините во скопските училишта, а денес продолжува дистрибуцијата во другите училишта низ државата. Разговарав со нашиот конзул од Италија, тој е во моментот во нашата земја, меѓутоа има секојдневна комуникација со италијанските власти. Таму се размислува да се затвори уште еден регион на Пјаченца. Веројатно одлука ќе се донесе денеска или во текот на викендов. Се трудиме да направиме контакт со што повеќе наши граѓани за да не информираат однапред доколку планираат да дојдат во земјава. Во секој случај продолжуваат мерките и за секоја следна информација јавноста навремено ќе биде информирана, додаде Филипче.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Што содржи Предлог-извештајот на Вајц за земјава за кој денеска ќе дебатираат членовите на ЕП

July 8, 2025
Фото: МИА

На ГП Блаце без застој за патнички возила, остануваат ограничувањата за камиони

July 8, 2025
Фото: МО Србија

Војската учествува во гаснењето пожари низ цела Србија

July 8, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Концерт, Томпсон, Загреб. Фото: Скриншот Јутјуб

    Жестока реакција на младите загребски антифашисти на усташките изблици на и околу концертот на Томпсон

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДП Хрватска за концертот на Томпсон: Бевме сведоци на голем светски срам

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Тесна трка и стратешка соработка: Локалните избори како тест на коалициски односи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски наметнува културолошки војни за да го раскара народот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Москва го проширува военото присуство во Ерменија при растечки тензии со Баку, Ереван негира, пропагандисти и експерти разработуваат можни сценарија за војна

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk