ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home АНАЛИЗИ

Тесна трка и стратешка соработка: Локалните избори како тест на коалициски односи

July 7, 2025 11:23
in ZOOM IN, АКЦЕНТИ, АНАЛИЗИ, ДЕНЕС, ИЗБОРИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Во пресрет на локалните избори во октомври, политички аналитичари предвидуваат заемна поддршка меѓу албанските и македонските партии во вториот круг, особено таму каде што ќе се води тесна трка за градоначалници.

Новинарот и политички аналитичар Ацо Кабранов, во изјава за Фронтлајн, ги коментираше очекуваните коалициски комбинации за претстојните локални избори во Северна Македонија. Според него, во првиот круг можно е коалицирање меѓу ВМРО-ДПМНЕ, ЗНАМ и ВЛЕН за кандидати за градоначалници, додека советничките листи најверојатно ќе бидат самостојни од страна на секоја партија.

Ацо Кабранов
Ацо Кабранов

– Во вториот круг сигурно ќе има коалиции. Партиите од владејачката коалиција ќе си помагаат меѓусебно во трката за градоначалнички места, истакнува Кабранов.

Тој додава дека слична соработка се очекува и кај опозицијата, каде што заедничка поддршка на кандидатите во вториот круг ќе биде очекувана и неопходна.

Говорејќи за можната соработка меѓу Европскиот фронт и македонските опозициски партии, вклучително и СДСМ, Кабранов нагласува дека иако засега нема конкретен договор, очекува взаемна поддршка доколку дојде до втор круг.

– Ако кандидат на Фронтот влезе во вториот круг, очекувам македонската опозиција да ги повика своите гласачи да го поддржат тој кандидат – и обратно, изјави Кабранов.

Политичкиот аналитичар и новинар Дритон Зенку оценува дека претстојните локални избори во Северна Македонија ќе бидат поле на жестоки политички пресметки и коалициски калкулации, каде што стратегијата „сè или ништо“ веќе се чувствува на терен.

– СДСМ веќе соопшти дека нема да кандидира свои кандидати за градоначалници во општини каде што македонскиот електорат не е мнозинство, што покажува нова тактичка ориентација. Од друга страна, иако првично се говореше дека ВМРО-ДПМНЕ ќе настапи самостојно насекаде, последните сигнали од лидерот Мицкоски укажуваат на можни соработки – особено со движењето ЗНАМ, каде што се разгледува можноста за заеднички кандидати за градоначалници, но со посебни советнички листи, вели Зенку за Фронтлајн.

Од блокот на Европски фронт, каде што се вклучени ДУИ, Алијанса на Таравари и други албански партии, веќе е донесена одлука за заеднички настап. Според информации до кои дошол Зенку, лидерот Али Ахмети добил мандат да преговара и за кандидати за градоначалници и за советници.

– Кај ВЛЕН ситуацијата е покомплицирана поради нестабилната теренска организација. На места како Струга се фаворизираат независни кандидати, додека таму каде што постои партиска структура, партиите внатре во коалицијата се натпреваруваат за кандидатура, објаснува Зенку.

Според него, сè укажува дека уште во првиот круг ќе има остри судири меѓу власта и опозицијата, со взаемна поддршка меѓу коалициските партнери – без разлика на етничката припадност.

– Иако можеби нема да има јавни или формализирани договори, на терен ќе се делува координирано и тактички, додава тој.

Зенку заклучува дека, и покрај можните заеднички кандидати за градоначалници, коалициските блокови најверојатно ќе настапат со одделни листи за општинските совети.

СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ и партиите на Албанците го дефинираат изборниот план за локалните избори

Двете најголеми политички партии во Македонија, СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ, веќе објавија речиси половина од имињата на кандидатите за градоначалници за претстојните локални избори кои се очекува да се одржат наесен. Процесот на официјализирање на имињата е во завршна фаза.

Од СДСМ најавуваат дека ќе ја комплетираат листата на кандидати во наредните две недели.

Актуелниот градоначалник на Кисела Вода Орце Ѓорѓиевски, е кандидат за прв човек на Град Скопје на ВМРО-ДПМНЕ. На вчерашната седница на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ утврдени се и кандидатурите за општините Гази Баба, актуелниот Бобан Стефковски, за Карпош Сотир Лукроски, кој доаѓа од приватнот сектор, за Лозово актуелниот градоначаник  Бошко Цветкоски, за Пехчево, актуелниот градоначалник Александар Китански, за Ресен актуелниот Јован Тозиоски, за Зрновци исто така актуелниот градоначалник Борче Коцев.„

Во меѓувреме, и во македонскиот и во албанскиот политички блок се забележуваат преизборни прегрупирања. По заминувањето на Партијата на пензионери и ДОМ од коалицијата со СДСМ, како и излегувањето на Алијансата на Таравари од коалицијата ВРЕДИ, политичкиот аналитичар Петар Арсовски предвидува дека можни се нови комбинации.

„Најголемите битки ќе се случуваат во албанскиот блок, особено во општините Чаир, Тетово и Гостивар. Во македонскиот дел, интересна ќе биде трката во Скопје, Центар, Карпош и Струмица“, смета Арсовски. Според него, предизборните коалиции носат предност на советничките листи, зголемувајќи ги шансите за победа.

Во албанскиот блок, засега нема официјализирани кандидатури. Од ВРЕДИ велат дека своите кандидати ќе ги објават до крајот на јули. Неофицијално, партиите на Ахмети, Села и Таравари веќе направиле распределба на општините – ДУИ ќе кандидира во 10 општини, Алијансата на Таравари во 4, а крилото на Села во 3.

Локалните избори, осми по ред од независноста на државата, најверојатно ќе се одржат на 19 или 26 октомври.

Дестан Јонузи

Tags: изборикоалиции
Next Post
Фото: Илустрација, генертирано со ВИ

Јапонски научници пронашле третман за превенција од појава на Даунов синдром

Најново

Анаис хороскоп, Македонија,, Скопје - Камен мост

Дневен хороскоп со Анаис за 7 мај 2026: Време е за конечна реализација

May 7, 2026
Фото: ФБ страница на Џорџа Мелони

Лажна фотографија од Мелони во долна облека се шири на интернет, премиерката со реакција – ме разубавиле

May 6, 2026

СДСМ тврди дека Мицкоски бега од истраги и ќе спроведе предвремени избори, премиерот најавува редовни во 2028 година

May 6, 2026
Фото: Влада РСМ

Мицкоски: Кај многумина има страв од избори, но тие ќе бидат редовни во 2028 година

May 6, 2026
Фото: Град Скопје

Ѓорѓиевски: Завршија експропријациите, мостот „Генерал Михајло Апостолски“ за 60 дена се става во целосна функција

May 6, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Ангеловска: Во функција е страната „Купувам Домашно“ каде граѓаните можат да проверат дали им следува помош

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски порача: Прво ја враќаме оградата на Владата, па го враќаме Грујо

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фуркан Салиу: Ако утре нешто ми се случи одговорите да ги барате кај министерот Тошковски, Латас и Љупчо Москов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Рама: Туристите од Албанија, Косово и Македонија што зборуваат албански се претставуваат како најголеми патриоти, а се најголеми загадувачи на албанските плажи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Имате ли претстава што нè чека после изборите?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk