ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home МАГАЗИН

Јапонски научници пронашле третман за превенција од појава на Даунов синдром

July 7, 2025 11:37
in ДЕНЕС, МАГАЗИН, СВЕТ
Фото: Илустрација, генертирано со ВИ

Фото: Илустрација, генертирано со ВИ

Share on FacebookShare on Twitter

Најсовремената технологија за уредување гени би можела да го искорени Дауновиот синдром, посочуваат научниците од Универзитетот Мејџи во Токио, Јапонија.

Дауновиот синдром, којшто причинува различни развојни попречености и влијае на милиони деца ширум светот, е предизвикан од присуството на дополнителна копија од 21-от хромозом. Овој дополнителен хромозом, познат и како „тризомија 21“, предизвикува клетките да бидат преактивни, така нарушува повеќе телесни процеси и може да доведе до препознатливи физички одлики, тешкотии во учењето и здравствени проблеми. Новото истражување, објавено во научното списание „ПНАС Нексус“ (PNAS Nexus), посочува дека, со користење на технологијата за ДНК-уредување, позната како КРИСПР (Групирани регуларно распоредени кратки палиндромични повторувања / ‘Clustered Regularly Interspaced Short Palindromic Repeats‘ – CRISPR), можно е да се отстрани непотребниот дополнителен хромозом од засегнатите клетки и да се врати нивната нормална функција, објаснуваат научниците.

„КРИСПР-Кас-9“ е метод за уредување гени којшто користи ензим за да пронајде специфични ДНК-секвенци. Кога ензимот ќе го пронајде вистинското место, ги пресекува ДНК-нишките. Истражувачот Ријотаро Хашизуме и неговите колеги дизајнираа КРИСПР-водичи што специфично ја таргетираат тризомијата 21 и го насочуваат ензимот кон посакуваното место.

Кога научниците ја примениле техниката на клетки одгледани во лабораторија, отстранувањето на дополнителната копија од генот го нормализирало начинот на којшто гените се експресираат во телото – што укажува дека генетскиот товар е отстранет. Исто така, откриено е дека, откако ќе се отстрани дополнителниот хромозом, гените поврзани со развојот на нервниот систем стануваат поактивни, додека оние поврзани со метаболизмот – помалку активни. Ова ги поддржува претходните истражувања што посочуваат дека дополнителните копии на хромозомот 21 го нарушуваат развивањето на мозокот за време на раниот фетален развој.

По отстранувањето на тризомијата 21, коригираните клетки растеле побрзо и имале пократко време на удвојување во споредба со нетретираните клетки, што укажува дека отстранувањето на дополнителниот хромозом може да го намали биолошкото оптоварување. Тоа го забавува растот на клетките.

Сепак, зафатот со КРИСПР може да влијае и на здравите хромозоми, па затоа истражувачите ја усовршуваат својата програма така што ензимот ќе се насочи исклучиво кон дополнителната непотребна копија на хромозомот 21.

Дауновиот синдром првпат е научно дефиниран од британскиот научник Џон Ленгдон Даун кој живеел во 19. век. Лицата со Даунов синдром честопати се соочуваат со повеќе здравствени предизвици, меѓу коишто и доцен развој и интелектуална попреченост. Околу половина од нив се раѓаат со вродени срцеви мани – најчесто атриовентрикуларен септален дефект или дупка во центарот на срцето. Тие се исто така посклони кон проблеми со дигестивниот систем, имунитетот, проблеми со тежината, апнеја при спиење, напади, проблеми со слухот, видот и забите. Тие имаат и зголемен ризик од леукемија, проблеми со ‘рбетот и заболувања на тироидната жлезда.

Tags: даунов синдром
Next Post

Сѐ повеќе граѓани плаќаат преку телефон и со картички

Shortcut

Најново

Уште еден пациент почина од западнонилска треска, шести случај со смртни последици

August 27, 2026
Илустрација Фронтлајн

Нафтен танкер погоден од непознат проектил во Ормуската Теснина

August 27, 2026

Четири активни пожари, три се под контрола, а 24 се изгаснати

August 27, 2026
Фото: Министерство за транспорт

ВЛЕН и ДУИ во нова политичка пресметка за автопатот Скопје–Блаце

August 26, 2026

Мицкоски: Историски момент за државата, започна изградбата на автопатот Скопје – Блаце

August 26, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Нешто не е в ред со Вучиќ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ДУИ обвинува за малтретирање на дијаспората, ВЛЕН возвраќа дека ги чека политичка пензија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ширење на западнонилската треска во Скопје: Епидемиолошка криза, мерки и политички реакции

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Трамп е наш, ние сме трапави!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски тврди дека пензиите растат рекордно, Филипче обвинува за криминални тендери и осиромашување на граѓаните

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk