ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home КУЛТУРА

Спасовски им врачи плакета на авторите на „Медена земја“: Благодарам што нé направивте горди

Поздравувајќи ги режисерите Тамара Котевска и Љубомир Стефанов, продуцентот и монтажер Атанас Георгиев и кинематографот Самир Љума, премиерот Спасовски, како што се посочува, тој уште еднаш им честиташе на филмските работници за значајниот успех, и заедно со своите колеги од Владата во опуштена атмосфера им ја искажаа огромната благодарност, за гордоста која ја приредија на сите граѓани на нашата држава со создавањето на документарниот филм „Медена земја“

March 6, 2020 13:55
in ДЕНЕС, КУЛТУРА, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Претседателот на Владата, Оливер Спасовски денеска се сретна со авторите на филмот „Медена земја”, документарецот кој од премиерата на филмскиот фестивал „Санденс“ на 28 јануари 2019 година, освои десетина други највисоки филмски награди во светот и беше номиниран на 92-та церемонија на Оскарите во две категории: за најдобар интернационален филм и за најдобар документарен филм.

Спасовски, соопшти владината прес-служба, на членовите на тимот им додели плакета како знак за признание за историскиот успех, а тие нему му пренесоа поздрави и тегла мед од производството на пчеларката Aтиџе Муратова, еден од главните ликови на документарецот „Медена земја“.

Поздравувајќи ги режисерите Тамара Котевска и Љубомир Стефанов, продуцентот и монтажер Атанас Георгиев и кинематографот Самир Љума, премиерот Спасовски, како што се посочува, тој уште еднаш им честиташе на филмските работници за значајниот успех, и заедно со своите колеги од Владата во опуштена атмосфера им ја искажаа огромната благодарност, за гордоста која ја приредија на сите граѓани на нашата држава со создавањето на документарниот филм „Медена земја“.

– Ви благодарам што нé направивте горди со освоените награди и номинациите. Вашите успеси се големи и ние како Влада донесовме повеќе заклучоци во однос на изразување признание за успесите и нивната реализација, рече премиерот Спасовски, кој беше придружуван од министерот за култура Хусни Исмаили, Националниот координатор за развој на културата и меѓуресорска соработка Роберт Алаѓозовски, советничката за култура Цветанка Ласкова и Бранко Петровски од Агенцијата за филм.

Присутните истакнаа дека со одлуките на Владата, меѓу кои преку Министерството за животна средина и просторно планирање ќе се организираат серија едукативни настани, како и задолжувањата преку Министерството за култура и Министерството за образование и наука ќе се организираат емитувања на филмот „Медена земја“ за сите средни училишта и универзитети во земјата имаат единствена цел, понатаму се афирмираат и пренесуваат благородните пораки на документарниот филм, кој е посветен на приближувањето на еколошките теми, љубовта кон природата, но и односот и почитувањата на семејните врски, стои во соопштението.

Екипата на „Медена земја“, како што се наведува, изрази задоволство од интересот и одлуките на Владата, изнесувајќи ги своите ставови во однос на подобрување на условите на филмската кинематографија во нашата земја, давајќи предлози за поуспешно претставување на нашите филмови и фестивали на меѓународната сцена и спомена дека дел од успехот е и на кинематографот Фејми Даут, кој заради службени обврски беше отсутен.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Македонскиот оркестар „Фејмс“ дел од спектаклот за најавата на „Дизниленд Абу Даби“

May 14, 2025

Жерар Депардје прогласен за виновен за сексуален напад на снимање филм

May 14, 2025
Handy Wicaksono / Unsplash

Белгија: Поштарот во борбата против осаменост и депресија кај старите лица

May 14, 2025

НАЈЧИТАНО

  • (ФОТО) Скопјанката Чарна Невзати македонска претставничка на престижниот „Мис на свет”

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Стабилно нестабилна Влада

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Хоџиќ: Потребно е обединување на напорите на сите прозападни политички сили за брзо враќање на европскиот пат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Русија бара премногу отстапки за да се стави крај на војната во Украина, изјави Џ. Д. Венс

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Познати 10 финалисти од првата полуфинална вечер на Евросонг

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk