Жена е лик шо знај шо е мака
Жена е лик шо знај шо е љубов
Жена е лик шо знај шо е омраза
Жена е лик шо знај шо е тага…
Жена е лик шо знај како е да си повреден
Жена е лик шо знај како е да си навреден
Жена е лик шо знај колку е полесно после то ако се изнаплачиш
Жена е лик шо знај шо е детство
Жена е лик шо знај шо се непроспиени ноќи
Жена е лик шо знај шо е температура
Жена е лик шо знај да бдее над сите
Жена е лик шо знај како е да немаш
Жена е лик шо знај како е и да имаш и пак да немаш
Жена е лик шо знај шо е нерамноправност
Жена е лик шо знај за борба
оти маката ја научила да се бори.
Жена е лик шо нема да си ги лечи своите фрустрации од детството врз други жени
Жена е лик шо ко ќе види немаштија ќе го сподели своето
Жена е лик шо нема да осуди друга жена и ако “греши” заради љубов
Жена е лик шо знај да “ќути” дури нејзината пријателка тагува и плаче
Жена е лик шо се бори за сите дури и за тие жени кои ја “мразат”
Жена е лик шо не повредува друга жена иако ја повредиле
Жена е лик шо не се срами да плачи
Жена е лик шо не ги критикува другите жени ако слават онака како што таа не слави, жена е лик која дава поддршка и на тие кои никогаш не би ја поддржале
Жена е поим кој треба да остави трага, а не промаја
Такви жени има многу секој ден околу нас
На тие жени секој ден им е 8-ми Март!!!
Фејсбук статус на Габриела Илиевска