ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Заев: Сите „бомби“ ги предадовме на СЈО, да се истражи кој ги објавува

Дефинитивно ние ја завршивме нашата обврска и при крајот на 2016 година ги предадовме сите материјали во СЈО. Објавивме пакет од 35 „бомби“ и кога постигнавме договор за Пржинска влада застанавме, материјалите ги спакувавме на хард-дискови и текстуално и ги предадовме. Да не заборавиме кој прислушуваше и дека ние добивме само еден дел од материјалите, односно добивме околу 30 отсто од создадените материјали, рече тоj

March 8, 2020 15:39
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА

Сите материјали од прислушуваните разговори ги предадовме на Специјалното јавно обвинителство на крајот на 2016 година и со тоа ја завршивме нашата обврска, одговори денеска лидерот на СДСМ Зоран Заев на прес-конференција на новинарско прашање дали има информација од каде се новите „бомби“ поставени на Јутјуб за пратеникот Антонио Милошоски, според кои Милошоски се интересира за одлука на Врховниот суд поврзана со неговиот татко.

Како што рече Заев на прес-конференција во партиското седиште, доколку ги поседувал овие „бомби“, ќе ги објавел во рамки на проектот „Вистината за Македонија“ како доказ за директно влијание врз судството.

– Дефинитивно ние ја завршивме нашата обврска и при крајот на 2016 година ги предадовме сите материјали во СЈО. Објавивме пакет од 35 „бомби“ и кога постигнавме договор за Пржинска влада застанавме, материјалите ги спакувавме на хард-дискови и текстуално и ги предадовме. Да не заборавиме кој прислушуваше и дека ние добивме само еден дел од материјалите, односно добивме околу 30 отсто од создадените материјали, рече тој.

Заев го повтори повикот на техничкиот премиер Оливер Спасовски институциите да истражат како и кој го поставил материјалот за Милошоски на Јутјуб.

– Она што објавувавме беа материјали за кои водевме сметка да не задираат во приватноста, а вчера објавениот материјал на Јутјуб не задира во приватноста, но е податлив за пратеникот Милошоски а ние колку што се сеќавам не сме го имале, одговори Заев.

Next Post

ЛДП на изборите во коалиција со СДСМ

НАЈНОВО

Арка-Борец балкански шампион во кајак на диви води

August 25, 2025

Грилиш: Не престанав да го сакам фудбалот во последните неколку години, но не уживав толку многу во него

August 25, 2025

Пентагон: Војниците на Националната гарда на улиците на Вашингтон ќе почнат да носат оружје

August 25, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Скопје стана Кијив на еден ден – Украина ја одбележа независноста

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Тежок инцидент во Штип: Тепачка на натпреварот на младите категории на Брагалница и Шкупи, две деца повредени

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Костова до Тошковски за инцидентот во Штип: Децата ни ги сокршија од ќотек додека тераш кампања на Орце

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Да ги освестиме придобивките од ЕУ за да знаеме зошто сме против!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Амбасадорката Дир: Поддршката од партнерите ни овозможува да му се спротивставиме на рускиот агресор

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk