ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Макрон го намалува значењето на резултатите од општинските избори во Франција

Шефот на француската држава и неговото опкружување постојано повторуваат дека нема да се има „национални последици“ од овие избори.

March 9, 2020 14:38
in Uncategorized
Емануел Макрон

Емануел Макрон

Share on FacebookShare on Twitter

Претседателот Емануел Макрон сака да го одвои резултатот на неговата партија Републиката во движење на идните општински избори и евентуалните промени во владата, јави дописникот на МИА.

Една недела пред првиот круг на општинските избори, први во историјата на партијата Ла Републик ан Марш (републиката во движење), Емануел Макрон уште еднаш ги собра во Елисејската палата лидерите и одговорните за кандидирањето  на неговата партија. Можност да направи преглед на завршната фаза од кампањата во дваесетте најголеми градови во земјата, како и да се подготви начинот на кој ќе се читаат резултатите на национално ниво. Претседателот на Републиката, свесен за тешкотиите на кандидатите кои ги носат неговите бои во сложена социјална клима и недостигот на присутност на теренот на неговата партија, сака по секоја цена да ги ограничи реперкусиите за неговиот мандат од веројатно лошите резултати на изборите.

Шефот на француската држава и неговото опкружување постојано повторуваат дека нема да се има „национални последици“ од овие избори.

-Тој веќе ги прескокна изборите, забележува еден соговорник во париски Фигаро. Тој не ги игнорира истите, но не дава знаци дека ќе ја промени неговата политика.  

Според аналитичарите, за макрон ќе биде да го избегне ризикот од казнено – гласање на французите. Според различни истражувања, околу една четвртина од Французите сакаат да ги искористат овие локални избори за да ја санкционираат владата.

-На терен, кандидатите страдаат од двојна појава: предизвикот на пензиската реформа и ефектот на одвраќање од етикетата на кандидатите на Републиката во движењем вели Лудовик Мендес, пратеник од Мозел.

Во февруари, партиските стратези дури забележаа „ерозија“ на макронистичките кандидати на изборите. На некои места, се очекува тие да имаат пониски резултати од заштитниците на животните. Кандидатите со етикетата на партијата на Макрон  во просек беа кредитирани со  15-16 отсто од гласовите, а сега се 12-13 отсто.

Според проценките на намерите на гласачите, се очекува дека 70 отсто од градоначалниците избрани во 2014, повторно да бидат избрани. Актуелниот премиер Едуар Филип кој е кандидат во Ле Хавр, каде беше градоначалник, може да се најде во тешкотија. Неговиот неизбор, може да ги промени плановите на Макрон, кој ќе биде приморан тогаш да изврши промени во владата.

Голема непозната е кронавирусот и излезеноста на гласачите, како и начинот на одржувањето на изборите, ако епидемијата со Ковид-19, добие нови размери.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Next Post

Службеник на НАТО со корона вирус

НАЈНОВО

Левица ќе поднесе тужба во Стразбур по одлуката на Уставниот суд

October 15, 2025
Фото: Фон дер Лајен / X

„Топката е во вашиот двор“ – Урсула фон дер Лајен со порака до Владата за уставните измени и членството во ЕУ

October 15, 2025
Фото: МИА

Значително oштетен споменик на културата во Струга при ископ за изградба на соседен објект

October 15, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: Chesen Socijaldemokrat Фејсбук

    Бранко Црвенковски во Охрид го потврди бегството во спротивниот табор – во друшво со Пецаков

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уставен суд ја отфрли иницијативата на Левица за оспорување на Упатството на АВМУ за локалните избори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Руската армија започна масовен напад врз Суми, прекинато снабдувањето со вода и струја

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Рафах останува затворен и покрај најавите за отворање

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ДНЕВЕН ХОРОСКОП СО АНАИС – 15 ОКТОМВРИ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk