Американската Влада им го ограничи доаѓањето на работа на 2,1 милион свои работници, охрабрувајќи ги луѓето да работат од дома со цел да се спречи ширењето на корона вирусот.
Меѓутоа, варираат директивите на сојузните служби околу начините за управување со ризикот од заразата.
Речиси една четвртина од работниците се наоѓаат во Вашингтон, каде е затворена црква, популарна меѓу владините претставници, откако пасторот бил позитивен на тест за корона вирус, а пријавено е дека учесниците на две неодамнешни конференции имале корона вирус.
Канцеларијата која ја одредува владината кадровска политика, ги охрабрува службите да ги преиспитаат плановите за вонредни ситуации, со цел да обезбедат „континуитет на операциите“.
Плановите подразбираат работа од дома и „социјално дистанцирање“, луѓето не треба да се приближуваат едни кон други, ниту да се допираат.
Во Вашингтон има пет конгресмени во самоизолација, откако биле во контакт со лице на кое подоцна му е дијагностициран корона вирус.