„Освен неколку квази портали кои за жал се контролирани од еден политички центар, мислам дека медиумите со начинот на кој информираа за заштитата од корона вирусот беа на висина на задачата во последните денови. Следниот период е критичен и важен, заедничката соработка во следниот период ќе биде клучна. Ќе треба да се споделуваат информации пред сèод наша страна за медиумите да ги информираат граѓаните“, оцени потпретседателот на СДСМ Дамјан Манчевски, во вечерашната дебата на „ТВ 24“.
Тој информираше дека денеска во Владата се одржа и брифинг, на кој беа дадени и дополнителни информации во насока на потребата на информирање на граѓаните. Манчевски информираше дека СДСМ како одговорна партија ќе ја следи ситуацијата и ќе ги почитува препораките од Владата за заштита на граѓаните од ширењето на корона вирусот.