Во Кина за прв пат после 20 јануари има помал број на дневно регистрирани случаи што е доста охрабрувачки. Примерот со Јужна Кореја е пример дека со добра организација, вирусот може да се стави под контрола.
-Првата терорија е дека овој вирус тешко ја поднесува топлината, тоа е и голема надеж и за нас, додека втората можност и хипотеза е дека ригорозното мерење всушност ги вади случаите на површина. За тоа најдобар случај е токму Јужна Кореја, која што имаше огромен број на откриени. Има и видеа кои го документираат тоа. Проаѓаат автомобили, ги застанува контрола, се формира редица и од човек на човек здравствените контролори земаат брис, запишуваат податоци. Тоа во Јужна Кореја е донесено на едно многу високо ниво. Се поставува прашањето дали заради тоа се намалува бројот или заради топло/ладно време, изјави во „Утрински брифинг“ за „Слободна ТВ“ д-р Александар Митов.
Тој смета дека мерките кои ги презеде Владата се добри, но дека е потребно формирање на дополнително тело, кое во пракса ќе го следи нивното спроведување.
-Ги видов мерките кои што ги донесе Владата. И тоа се тие кои што треба да се донесат. Најважното е нивното спроведување. Ако одиме по прописи, сите мерки точно укажуваат на моментите на потенцијалите ризици. За да се следи ова до крај и да се реализира јас силно би препорачал да се формира дополително тело чија што работа ќе биде само следење на препораките. Еве на пример ако ја земеме мерката health locator за авио-компаниите. Некој треба редовно на надлежните да им „стои на глава“. Некој треба пред себе да има пред себе excel, со име на компании и конкретно да ги прашува „до кај сте“. И сето ова што е вака убаво направено е да се квантифицира. Значи сега треба да се влезе со фините детали на нивната имплементација, што е потешката страна но тоа го дава плодот, рече Митов.





