Партијата ВМРО-ДПМНЕ, и покрај препораките од СЗО и Министерството за здравство за одложување на собири на затворено и отворено, денес во полна сала потпишаа коалиции со неколку помали партии во државата.
Лидерот на партијата, Христијан Мицкоски, ја најави кампањата под име „Обнова за Македонија“ пред полната сала во седиштето на партијата. И покрај препораките за превенција од ширење на Ковид-19 и советот да се избегнуваат големи собири и настани, ВМРО-ДПМНЕ денес собра над 100 луѓе во еден простор за промовирање на политички цели.
Инаку, претседателот на СДСМ, Зоран Заев ги откажа сите активности во наредните денови, а откажани се и сите настани од партиската агенда со цел да се превенира ширење на корона вирусот.
– Иако денеска беа закажани средби на претседателот Зоран Заев со неколку стопански комори, а утре и задутре беа предвидени партиски настани во повеќе граѓани, политичкото раководство на СДСМ одлучи да се откажат настаните, бидејќи нема поголема вредност од јавното здравје, рече генералниот секретар на СДСМ Љупчо Николовски, на вчерашната прес-конференција.
A. Н. С.