Слободан Богоевски, Емел Рамковска и д-р Тодор Пиперков, жртви на режимот, ќе говорат на панел дискусијата на ЦИВИЛ „Жртви на режимот – сведоштва и слики“ што ја организира ЦИВИЛ денеска, среда, 11 март, во Парк Хотел (зад Градскиот стадион), со почеток во 12 часот. Модератор на дискусијата ќе биде Џабир Дерала, претседател на ЦИВИЛ.
Голем е интересот на јавноста за оваа тема, особено по одржувањето на панел дискусијата на 21 декември 2019 година. ЦИВИЛ уште еднаш ќе ја отвори оваа тема во јавноста, за да не се заборават злоделата на еден авторитарен режим.
По излагањата на панелистите, ќе се отвори дискусија. Сепак, во согласност со владините мерки против коронавирусот, ЦИВИЛ препорачува панел дискусијата да се следи на некој од онлајн каналите на медиумската платформа на ЦИВИЛ. Тимот на ЦИВИЛ ќе ја следи дискусијата онлајн и ќе објави селекција од прашањата и коментарите на својата медиумска платформа. Доколку има време, прашањата од онлајн гледачите ќе им се постават и на панелистите. Настанот ќе се пренесува во живо на медиумската платформа и Фејсбук страницата на ЦИВИЛ.