ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Тачи до Курти: Доста ги заострувате односите со САД, соберете се и укинете ја таксата

Како претседател на Република Косово барам итно од Владата на Република Косово да се собере и да донесе одлуки согласно официјалните барања на Соединетите Американски Држави.

March 11, 2020 09:44
in ДЕНЕС, РЕГИОН
Share on FacebookShare on Twitter

Косовскиот претседател Хашим Тачи побара од владата на Албин Курти под итно да се собере и да донесе одлуки во врска со таксата на српскиот увоз, онака како што бараат САД, јави дописникот на МИА од Приштина.

Преку објава на својата страница на Фејсбук, Тачи предупреди дека, со расипувањето на односите со Вашингтон, актуелната влада ја доведува во прашање иднината на државата.

– Како претседател на Република Косово барам итно од Владата на Република Косово да се собере и да донесе одлуки согласно официјалните барања на Соединетите Американски Држави. Доста ги расипувате нашите специјални врски со САД, без кои не би ја имале ниту слободата, ниту државата, ниту иднината. Со таквиот однос се доведува во прашање и самата иднина на нашата држава, напиша Тачи.

Според Тачи, односите со САД се од животно значење за Косово и конфронтирањето со нив би било „непростлива грешка“ во поновата историја на земјата.

– Сите ние, челниците на институциите, политичките лидери и владите, сме заменливи. Меѓутоа, од животно значење и незаменливи за Република Косово се единствено односите со САД. Конфронтирањето со САД е многу штетно и е непростлива грешка во модерната историја на Косово, порача Тачи.

Администрацијата на претседателот Доналд Трамп бара од косовските власти веднаш и безусловно да ја укине таксата од 100 отсто на увозот од Србија и Босна и Херцеговина.

Приштинските медиуми објавија дека од официјални лица од Вашингтон, меѓу кои се сенаторот Дејвид Пердју и синот на претседателот, Доналд Трамп Јуниор, се бара САД да ја разгледаат можноста за санкции, па дури и повлекување на американските војници од Косово, доколку Приштина не се покаже кооперативна во однос на нивните барања.

– Повеќе од две децении американските сили помагаат во зачувувањето на мирот меѓу Косово и Србија. Сега, со постигнатиот историски прогрес, Косово треба да го изврши својот дел и да ги укине сите обврски што ги постави пред Србија. Ако Косово не е целосно посветено на мирот, тогаш САД треба да го преиспитаат своето присуство таму, порача денеска преку Твитер сенаторот Пердју.

Предупредувањето на Пердју го поддржа Трамп Јуниор, како и специјалниот пратеник на американскиот претседател за дијалогот Приштина – Белград, амбасадорот Ричард Гренел. 

Next Post

(ВИДЕО) Европратеници: Заев ја направи вашата држава посакуван партнер на ЕУ

НАЈНОВО

Фото: Wikimedia Commons

Барак Обама ќе ги предводи предизборните митинзи на демократите за гувернери во Вирџинија и Њу Џерси

November 1, 2025
Фотомонтажа Фронтлајн и Анаис

ВИ не е Гугл, туку соработник: Како да ја користите вештачката интелигенција

November 1, 2025
Фото: МВР Србија

Една година од трагедијата во Нови Сад: Со 16-минутна тишина оддадена почит на загинатите

November 1, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Македонецот е леб со историски адитиви на кои им поминал рокот!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Реал Мадрид и Барселона на чекор од напуштање на Евролигата, НБА врши притисок

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Викенд хороскоп со Анаис – 1 и 2 ноември

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дерала за Алсат М: Националистичката реторика за време на локалните избори буквално ги замени сите други слогани

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Kога вештачката интелигенција станува режисер: Видео револуцијата со Sora и Gemini

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk