Уште две лица од Дебар , кои биле во контакт со веќе заболените се позитивни на коронавирус. На сите здравствени лица им се укинува платено или неплатено отсуство или одмор. Медиумите ќе емитуваат препораки, а заклучоците и мерките на Владата ќе бидат емитувани редовно, рече министерот за здравство Венко Филипче на последната прес конференција.
Ќе се зајакнат контролите на граничните премини. Да се прекине работататa на библиотеките, студентските и ученичките домови во наредните 14 дена, а вработените да бидат ослободени од работни должности.
МВР да покрене истрага за лажни информации и дезинформации во медиумите, порача Филипче.