ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Димитров и Филипче на брифинг со странските диломатски претставници за корона вирусот

Министерот за здравство Венко Филипче детално брифираше за последната состојба во земјава во контекст на заболените од COVID-19 и нивното лекување, како и за начинот и капацитите за справување на здравствениот систем со овој вирус.

March 12, 2020 19:27
in ДЕНЕС, РЕПУБЛИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Шефот на дипломатијата Никола Димитров и министерот за здравство Венко Филипче денеска одржаа брифинг со претставниците на дипломатско-конзуларните претставништва и мисиите на меѓународните организации во Република Северна Македонија на кој беа разменети информации за состојбата со коронавирусот COVID-19, соопшти Министерството за надворешни работи.

На брифингот во МНР беа презентирани превентивните мерки согласно насоките и препораките на Владата на Република Северна Македонија во врска со корона вирусот.

Димитров ги информираше странските претставници во земјава за одлуките донесени од Владата, кои важат и за странските државјани кои имаат постојан или привремен престој во Северна Македонија, како и оние кои планираат патување во земјава во наредниот период. Тој нагласи дека Министерството за надворешни работи останува на располагање како главен контакт за сите странски претставништва во земјава, со цел нивно навремено и точно информирање за новонастанатата ситуација во контекст на COVID-19.

– Ваквите предизвици кои не познаваат граници бараат колективен одговор, покрај нужната размена на информации, искуства и ескпертиза. Kоординирана акција како одговор на глобалната закана од овој вирус ја наметнува и потребата од уште поблиска комуникација меѓу владите на сите земји. Клучниот Шефот на дипломатијата Никола Димитров и министерот за здравство Венко Филипче денеска одржаа брифинг со претставниците на дипломатско-конзуларните претставништва и мисиите на меѓународните организации во Република Северна Македонија на кој беа разменети информации за состојбата со корона вирусот COVID-19, соопшти Министерството за надворешни работи.

На брифингот во МНР беа презентирани превентивните мерки согласно насоките и препораките на Владата на Република Северна Македонија во врска со корона вирусот.

Димитров ги информираше странските претставници во земјава за одлуките донесени од Владата, кои важат и за странските државјани кои имаат постојан или привремен престој во Северна Македонија, како и оние кои планираат патување во земјава во наредниот период. Тој нагласи дека Министерството за надворешни работи останува на располагање како главен контакт за сите странски претставништва во земјава, со цел нивно навремено и точно информирање за новонастанатата ситуација во контекст на COVID-19.

– Ваквите предизвици кои не познаваат граници бараат колективен одговор, покрај нужната размена на информации, искуства и ескпертиза. Kоординирана акција како одговор на глобалната закана од овој вирус ја наметнува и потребата од уште поблиска комуникација меѓу владите на сите земји. Клучниот елемент во тоа заедништво треба да е солидарноста и меѓудржавната соработка, да не ја ставаме и неа во самоизолација. Напротив, помагајќи им на другите, во случајов си помагаме и себеси, истакна Димитров на брифингот со странските диломатски претставници во земјава.

Министерот за здравство Венко Филипче детално брифираше за последната состојба во земјава во контекст на заболените од COVID-19 и нивното лекување, како и за начинот и капацитите за справување на здравствениот систем со овој вирус.

– Во постојана комуникација и консултација сме со СЗО и во континуитет преземаме мерки за заштита од корона вирусот. Сите капацитети со кои располагаме се ставени на располагање и одлично функционира системот за превенција и контрола за спречување непосакувано ширење на корона вирусот. Имајќи предвид дека досега се преземени сите превентивни мерки од Комисијата за заразни болести, домашните експерти, насоките на Управувачкиот комитет за координација и управување во системот за управување со кризи, како и постојаниот мониторинг од кои произлегуваат секојдневните мерки и препораки на Кризниот штаб, како и на Институтот за јавно здравје – можеме слободно да информираме дека вродија со плод и во целост се реализираат сите досегашни мерки, а за одличното справување со оваа ситуација добивме потврда и лично од д-р Ханс Клуге, регионален директор на СЗО за Европа, кој беше во државава само пред неколку дена, посочи на брифингот министерот Филипче.

Информира дека врз основа на стручните препораки на Комисијата за заразни болести и меѓуресорското Координативно тело, денеска се предложени нови дополнителни и зајакнати мерки со цел заштита и превенција на населението.

Дополнителните мерки опфаќаат забрана на сите јавни и приватни собири, без разлика на обемот и бројката на учесници, концерти, театри, кина, спортски сали, теретани. Кафетериите и рестораните да работат со скратено работно време до 18 часот и капацитетот внатре да биде преполовен, да се задржи дистанцата од метар и пол до два на луѓето кои што престојуваат таму. Се откажуваат и сите кино проекции, театарски претстави и концерти. Во разговор со сите јавно здравстевни установи, се откажуваат сите хронични пациенти чијашто интервенција може да се одложи, остануваат само итни и неодложни интервенции, а истото важи и за прегледите.

Филипче ги информира странските диломатски претставници во земјава и за состојбата на пациентите заболени од корона вирус, како за тоа дека нема нови случаи на заразени.

Next Post

Трамп предлага одложување на Олимпијадата во Токио за една година

НАЈНОВО

ЕК ќе ги презентира извештаите за напредокот на кандидатите за членство во ЕУ   

November 4, 2025
Анаис

Дневен хороскоп со Анаис – 4 ноември

November 4, 2025
Скриншот

ДИК ги соопшти првичните официјални резултати од гласањето во вториот круг на локалните избори

November 3, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Избирачко место во Раовиќ без ниту еден глас – 214 запишани, нула излезност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ДУИ падна, ВЛЕН се издигнува – започнува нова ера во албанскиот политички блок

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Небиу: Старите формули на ДУИ не поминаа кај Албанците

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Орки против голема бела ајкула: борба меѓу врвни предатори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk