Големите компании спремно ја дочекуваат прогласената пандемија и во рамки на превенција и заштита на своите вработени им советуваат да работат од дома. Гугл, Твитер, Мајкрософт и Амазон ги советувале своите вработени да работат од дома, доколку околностите им го дозволуваат тоа.
На пример, од седиштето на Твитер замолиле 5.000 вработени да работат од дома, додека пак истото е задолжително за канцелариите на Твитер во Хонг Конг, Јужна Кореја и Јапонија. Главната зграда на компанијата во Сан Франциско ќе биде отворена за вработените кои мислат дека треба да доаѓаат. Компанијата исто така ги откажала сите бизнис патувања и нема да се учествува на престојниот конференциски фестивал SXSW во Тексас.
Од седиштето на Амазон во Сиетл, град во кој се регистрирани неколку смртни случаи од корона вирусот, јавија дека имало еден вработен кој бил позитивен на вирусот. Останатите со кои тој бил во контакт се исто така тестирани, по што на сите вработени им било советувано да работат од дома.
Освен Твитер и Амазон, и Мајкрософт ги охрабрува вработените во канцелариите во Сиетл и Сан Франциско на истото, а тоа секако важи и за нивните вработени во Јужна Кореја и Сингапур.
Од Гугл ги откажале сите меѓународни патувања и им препорачале на вработените во преставништвото во Сиетл и околината да работат од дома.
Извор: Inc.
Превод: А. Н. С.