Идиотизмот на примитивците со промашени животи нема крај. МВР, за фалсификатов и ширењето на лажни вести, да си постапи согласно препораките на Владата на РСМ. Политикантството и обидите за добивање на ефтини политички поени е нешто што не смее да се дозволи, напиша градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов на Фејсбук.
Апелирам до сите, да не си играат со чуствата на граѓаните. За животи и здравје на нашите (Вашите) најблиски се работи. Да го сопреме лудилото заедно.
П.С. Јас, немам проблем со Вас, бедници. Очигледно, Вие имате проблем со мене. И планирам уште долго да го имате. Само продолжете. Вашите несреќни животи ќе останат со Вас. Не со мене !!!