Продолжуваме со несмален интензитет и силно посветени на работите кои се во тек низ целата држава, вели министерот за транспорт и врски Горан Сугарески.
Денес Сугарески, директорот на ЈП за државни патишта Зоран Китанов и градоначалникот на Вевчани, Сашо Јанкоски, извршија увид на рехабилитациите на патиштата што се работат во Вечанскиот крај, меѓу нив и регионалниот пат од Вевчани преку Октиси што се поврзува со граничниот премин Ќафасан. Сугарески потенцира дека оваа делница е инвестиција од околу 700 илјади евра.
Сугарески истакнува дека преку 610 милиони евра се инвестираат во целокупната инфраструктура во Охридско- струшкиот и Вевчанскиот крај и нагласува дека продолжуваат со високо темпо во интерес на граѓаните.