ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ДЕНЕС

Од понеделник на МРТВ ќе има скратени училишни часови за основците и за децата од претшколска возраст

Одлуката за ваков алтернативен начин за едукацијата на децата следува откако привремено се затворија градинките, училиштата и факултетите како дел од мерките на Владата за заштита на јавното здравје поради ризикот од ширењето на коронавирусот.

March 13, 2020 18:25
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Основците и децата од претшколска возраст од понеделник ќе имаат можност да следат едукативни содржини на трите канали на националниот телевизиски сервис МРТВ, изведени од наставните програми по кои тие во моментов се едуцираат во училиштата и градинките.

Одлуката за ваков алтернативен начин за едукацијата на децата следува откако привремено се затворија градинките, училиштата и факултетите како дел од мерките на Владата за заштита на јавното здравје поради ризикот од ширењето на коронавирусот.

Ова решение е договорено на денешниот состанок во Министерството за образовани и наука (МОН), на кој присуствуваа претставници на неколку институции од областа на образованието, УНИЦЕФ, претставници на граѓански организации и претставници од менаџментот на Македонската радио-телевизија.

„Почнувајќи од понеделник, на трите канали на МРТВ, во соодветни термини во текот на денот за кои јавноста ќе биде информирана во најкус можен рок, наставници од основните училишта ќе реализираат скратени училишни часови на сите јазици на кои наставата се организира во училиштата во земјата. Оваа неформална едукација преку таканаречена ТВ-училница ќе се реализира сѐ до повторното отворање на училиштата и градинките и нормално продолжување на формалниот воспитно-образовен процес на учениците и децата од претшколска возраст. Посебна работна група е задолжена и веќе го реализира планот за успешен почеток и тек на спроведување на иницијативата“, пишува во соопштението на МОН.

Министерство информира дека во соработка со Бирото за развој на образованието и Центарот за стручно образование и обука, согласно одредбите од Законот за основното образование и Законот за средното образование, како и Министерството за труд и социјална политика, ќе подготват план за организирање на наставата до завршување на учебната година, за што повеќе детали ќе бидат споделени со јавноста во следниот период.

Next Post

СЗО ја прогласи Европа да „епицентар“ на корона вирусот

НАЈНОВО

Касами го доби уверението за втор мандат, од изборните ветување тврди дека прво ќе биде реализиран бесплатен автобуски јавен превоз

November 7, 2025

Ѓорѓиевски: Очекувам Советот на Град Скопје да биде извор на идеи, визии и решенија, а не на поделби

November 7, 2025
Македонија Членство во ЕУ

ЕУ го поздрави потпишувањето на Договорот за меѓуграничниот железнички тунел на Коридор 8

November 7, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Скандал на Мис Универзум: Натпреварувачките го напуштија настанот по навредата кон Мис на Мексико

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Небиу за изјавата на Мицкоски: Кој е пред, а кој позади – кажува Брисел

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Panem et circenses“ – „леб и игри“ во стил на Орце и Мицкоски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО и ФОТО) Спектакуларно започна ПР претставата „72 часа чисто Скопје“, во присуство на Орце и Мицкоски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk