Намена на оваа страница е да посочи кон изворите на верификувани информации од јавен интерес и да ги документира различните видови дезинформации како форма на едукација за граѓаните кои преку информираност ќе може да станат поотпорни на манипулации и паника. (Збирката секојдневно се ажурира со нови примери.)
Официјални извори – специјални страници со најнови информации, препораки, чести прашања и одговори од здравствените власти:
- Министерството за здравство на РСМ
- Корона-вирус – информации и препораки
- Профили на Твитер: @ZdravstvoMK и @VFilipche
- Светска здравствена организација (СЗО):
- Coronavirus disease (COVID-19) outbreak
- Профил на Твитер: @WHO
Вести
- Секција со најнови вести за корона-вирусот на новинската агенција Мета.мк.
- Анти-дезинфoрмациски профили @kritink_mk, @vistinomer, @meta_agency
Законски рамки и новинарски стандарди
- За ширење лажни вести за „Ковид 19“ може да се заврши и во затвор
- Советот за етика во медиумите повикува за одговорно известување
- ЗНМ и СЕММ со препораки за заштита на медиумските работници
Дезинформации поврзани со природата на болеста, превенција или лекување
- СЗО ги разбива митовите за корона-вирусот, меѓу кои и лагите за заштита со вода за гаргара, антибиотици или лук
- Корона-вирусот не е „безопасна“ „настинка“ како што тврдат антиваксери
- Не, корона-вирусот не се лечи со алкохол!
- Корона-вирусот не се пренесува преку пратки на „Али експрес“
- Витаминот Ц и прополисот не се лек за корона-вирусот
- Пиење топла вода и сончање не го убиваат вирусот
Политички манипулации во Република Северна Македонија
Обиди за експлоатирање на скандалот со докторка-директорка на скопската клиника за дерматологија што се вратила заразена од пат во Италија.
- Директорката не била на свадба кај генералниот секретар на СДСМ
- Злонамерно претставување на докторката како „миленичка“ на министерот за здравство
- Неумесни шеги против министерот за здравство, спротивни на новинарските стандарди
- Демантирани клевети за професори од средното медицинско училиште во Битола
- Контраспин: Користење на епидемија за политички поени пред избори е неетички
Дискредитирање на индивидуални личности
- Тенденциозна објава за дискредитација на скопскиот градоначалник Петре Шилегов
- Лажна вест е дека Елена Лука е пациентката заболена од коронавирус
Научно-непотврдени тврдења кои злоупотребуваат религија, верски уверувања или суеверија
- Сензационалистичка и неодговорна објава дека Нострадамус го предвидел корона-вирусот!
- Руски верски текстови за наводни пророштва сеат паника за новиот корона-вирус
Теории на заговор – непотврдливи приказни чиј краен ефект е намалување на довербата во институциите на системот и основните вредности на современото општество
- Теории на заговор за корона-вирусот како биолошко оружје
- Ширење теории на заговор за вирусот како вештачка (антикинеска) творба на фармацевтската индустрија преку контактни емисии на ТВ
- Дезинформации во Грција за средство за дезинфекција однапред подготвено за корона-вирусот
Мамки за кликови (click bait) – привлекување посети и лајкови преку сензационализам и често лажно претставување настани од странство како да се тукашни за да се предизвика негативни чувства на згрозување или морален бес кон групи луѓе или инстуции.
Дезинформации за и од балканскиот регион
- Не е вистина дека сомнителни примероци за корона-вирус од Косово се испратени во Тирана
- Tеории од пензиониран епидемиолог се шират во српски и босански медиуми
- Дезинформациите за мигрантите во регионот наспроти оние за коронавирусот
- Дезинформации за болни свештеници во Црна Гора и за хируршки маски во Грција
- Епидемија на дезинформации за корона-вирусот во Србија и во Грција
- Кликбејт: Босански портали лажеа дека вирусот е во регионот, а „носителот“ остана во Индија
Дезинформации и пропаганда поврзани со други земји
- Руско-српски дезинформации за „руски спасители со лек за корона-вирусот“
- Дали Северна Кореја навистина егзекутира пациент со корона-вирус?
- Ширење паника од несигурни извори за наводно криење на бројот на заболени во Кина
- Кинезите не изградија болница за неколку дена, туку адаптираа постоен објект
- Снимките наречени „Пазарот на ужасот“ се од Индонезија, а не од кинескиот град Вухан
извор: КриТинк