Владата најави прес-конференција на министерот за здравство, Венко Филипче, за денес во 13,00 часот.
Почитувани,
Ве информираме дека министерот за здравство, д-р Венко Филипче, денеска (сабота, 14.03.2020 година), во 13,00 часот, ќе одржи прес-конференција во Медија центарот во Владата на Република Северна Македонија.
Ве охрабруваме на прес-конференцијата да дојдете без вашите сниматели за да ги следиме препораките за превенција и заштита од коронавирус, и видео материјалот од настанот да го преземете од нашиот стрим во живо (https://youtu.be/bSIEWV8UVSs) кој е во висока ХД резолуција.