Претседателот на парламентот, во изјава за „360 степени“, вели дека од правен аспект е многу тешко да се отповика одлуката за избори на 12 април, ама дека, сепак, треба да се разгледаат сите можности во интерес на јавното здравје.
„Не би прејудицирал за можно одложување на изборите на 12 април, ниту за начините како би се извело тоа. Очекувам на утрешната седница на Советот за безбедност да се разгледаат сите аспекти на ситуацијата“, вели во изјава за „360 степени“ претседателот на парламентот Талат Џафери.