Седум нови лица се тестираат од корона вирус, информираше на денешната прес конференција министерот за здравство, Венко Филипче.
Лицата се од Куманово, Штип, Тетово, Охрид и Кичево, додавајќи дека сите престојувале во Швајцарија, Германија и Австрија.
„Останатите пациенти, меѓу кој и 15-годишното момче се во стабилна состојба. Лицата кои се тестираат се од Штип, Куманово и Тетово кои претходно биле во Швајацарија и Германија. Имаат висока температура и се во изолација. До сега на располагање имаме околу 120 респираторни апарати“, рече министерот Филипче.
Целиот медицинаски персонал од јавни и приватни установи се организирани за да работат во болниците. Сите ќе се координираат телефонски.
Назначен е шеф на кризниот штаб во боницата во Дебар кој ќе тргне кон градот и ќе ја организира работата таму. Болницата во Козле ќе се опреми за да прими деца, доколку би биле заразени од корона вирус.
Филипче не прес конференцијата рече дека две родилки од Дебар со возило на Итна медицинска помош се пренесени во Скопје со цел да се направи тест за коронавирус.
Филипче додаде дека се стабилни и не се пред породување, но најави дека ќе останат во Скопје со цел тестирање и подготвување за породување.





