ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Спасовски: Не прифаќам никакви политички профитерства на грбот на здравјето на граѓаните

March 15, 2020 21:21
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА

„Не прифаќам никакво политичко профитерство на грбот и здравјето на граѓаните. Исто така и во економијата или профитерство во новинарството. Ако некој се одлучил на оваа ситуација да ја користи и сака на неа да печали поени, на крајот ќе изгуби. Ако некому му се поважни политичкиот рејтинг или поените од здравјето на граѓаните, тогаш тоа не е лидерство“ – изјави премиерот и потпретседател на СДСМ, Оливер Спасовски, во вечерашното интервју.

Нам ни треба да покажеме лидерство пред граѓаните. Има луѓе кои се одговорни за ситуацијата и во опозицијата, но некои од раководствата на партиите, иако излегуваат и тврдат дека ги поддржуваат мерките на Владата, сепак, нудат некакви тимови за интервенција. Тимовите задолжени за ситуацијата може да се најдат исклучиво во болниците, не постојат партиски лекарски тимови. Ова не е вирус за едни или за други, не постои партиски вирус, тој е опасен за сите нас подеднакво“ – коментираше понатаму Спасовски, во врска со најавите на некои партии, пред сѐ, ВМРО-ДПМНЕ, дека тие имаат свои медицински екипи кои може да интервенираат.  

Спасовски повика да надвладее разумот, кој во моментов е најнеопходен за да се зачува ситуацијата со вирусот под контрола.

„Да ги почитуваме институциите, а преку нив и граѓаните. Здравјето и животот се поважни од секоја  политичка одлука и од секоја политичка цел. Затоа, на лидерската средба зборувавме сите, а потоа зборував и на телефон со сите лидери на партии. До 22 март, партиите ги ставаат под мораториум сите активности за изборите и тоа треба да се испочитува. Пораката на политичките лидери која треба да ја испраќаме деновиве е порака на одговорност, порака која треба да ја следат следбениците на партиите, за да донесеме подобра иднина со надминување на оваа состојба. Секој аспект од кризата мора да се цени и во рамки на тоа да се носат одлуки за изборите и за другите прашања.  Ако граѓаните и животот се најважни, тогаш чија и која политичка цел може да биде поважна?“- праша Спасовски.

Next Post

Нов онлајн извор на информации за ситуацијата со корона вирусот во Република Северна Македонија

НАЈНОВО

Шукова со критики до Орце Ѓорѓиевски: Позира и отворено го брани криминалното дивоградителство во Чаир

August 24, 2025

Ѓорѓиевски: За прв пат во историјата на Македонија наеднаш се градат многу училишта, градинки, спортски објекти и патна инфраструктура

August 24, 2025

Врачување на највисоките признанија на СВП на традиционалната манифестација „Мостови“

August 24, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Да ги освестиме придобивките од ЕУ за да знаеме зошто сме против!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СРПСКИ (БУРАЗЕРСКИ) СВЕТ: Ќе добие ли ВМРО-ДПМНЕ своја банка?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Брнабиќ: Започна втората фаза на „обоената револуција“ – терор и насилство

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Тајните на Месечината: Зошто не сме ја посетиле со децении по Аполо мисиите?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Заветната пропаганда

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk