ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ON THE HOUR

18: Стопанските комори со барања до Владата, излез од земјава на аеродром и Деве Баир, уапсен угостител кој не почитувал мерки

Вести во последните три часа (15-18 часот)

March 16, 2020 18:10
in ON THE HOUR, ДЕНЕС
Share on FacebookShare on Twitter

Стопанската комора на Македонија, Стопанската комора на северозападна Македонија, МАСИТ и Сојузот на стопански комори (ССК) денеска до Владата и официјално ги доставија барањата за справување со новонастанатата ситуација предизвикана од корона вирусот.

Бараат даночни олеснувања, субвенционирање на платите за сите вработени додека траат превентивните мерки, субвенции на трошоците на компаниите за бруто плати за сите кои се отсутни од работа – хронично болни и родители на деца под 10 години, исплаќање нето плати без придонеси без да се блокираат сметките и без казни за работодавачите ако некоја фирма не може да исплати цела плата, намалување на придонесите за сите вработени од најмалку 50 отсто додека трае кризата поради намален ефективен фонд на часови, се само дел од барањата на четирите комори. Според коморите, вработените кои ќе бидат дома и во самоизолација треба да имаат третман на болни и да бидат платени од Фондот на здравство за период од еден месец, а потоа да се дејствува согласно ситуацијата.

Граѓаните за излез од државата можат да го користат граничниот премин кон Бугарија – Деве Баир, без ограничувања, како и граничниот премин Аеродром Скопје, информира МВР.

ТАВ: Површините на скопскиот аеродром се дезинфицираат три пати дневно. Дополнително, поставени се средства за дезинфекција на рацете за патниците на неколку клучни точки: кај шалтерите за регистрација, кај пунктот за безбедносна контрола (при излез од државата, веднаш после Пасошката контрола), како и во делот “Пристигнувања“ (при влез во државата, во близина на Пасошката контрола).

Според најновата анкета спроведена на национално ниво од страна на Центарот за анкетни истражувања на Меѓународниот републикански институт (ИРИ), на прашањето: Кој политичар најмногу го поддржуваат, кого донекаде го поддржуваат и кого најмалку го поддржуваат, 18% од анкетираните граѓани одговориле дека целосно го поддржувааат Зоран Заев, а на истото прашање само 10%  одговориле во корист на Мицкоски.

Утре лидерска средба кај Претседателот за одложување на изборите. Претседателот Пендаровски свикува лидерска средба со една точка на дневниот ред – можност за одложување на парламентарните избори закажани на 12 април 2020.

МВР приведе гостиварски угостител поради непочитување на владината одлука за затворање на угостителските објекти. МВР уште еднаш апелира до граѓаните целосно и безусловно да ги почитуваат мерките и да се придржуваат на владините одлуки, препораки и совети и укажува дека секое нивно непочитување адекватно ќе биде санкционирано согласно важечката законска регулатива.

Први случаи на Ковид 19 во Танзанија, Сомалија, Бенин, Конго, Екваторијална Гвинеја и Либерија. Според најновите податоци, во светот досега се регистрирани 175.438 луѓе заразени со новиот коронавирус. Од нив починати се 6.714, а оздравени се 77. 867.

Next Post

(ВИДЕО) Сeдница на Совет за безбедност кај Претседателот, се мери температура на сите присутни

НАЈНОВО

Скриншот

Американскиот Конгрес изгласа да бидат објавени досиејата на Епштајн

November 18, 2025

Собранието стави крај на евтиното онлајн купување: ДДВ од 18% за „Тему“ и „АлиЕкспрес“ пратки

November 18, 2025

ДЗР: Неправилности во работењето на прилепската болница во 2024

November 18, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Леонардо Дикаприо. Фото: Скриншот

    Леонардо ди Каприо откри кој е неговиот „омилен актер на сите времиња“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • МОН ги објави резултатите од конкурсот за ученички стипендии 2025/2026

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 18 ноември

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Александар Вучиќ пријавен во Јавното обвинителство во Милано за случајот „Сараево сафари“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • НАСА најави пренос во живо: Првите детални снимки од меѓуѕвездената комета 3I/ATLAS

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk