ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Дука: Граѓаните и службите ги почитуваат препораките, да не се создава паника и страв

Нема нови заразени, се надеваме дека така ќе биде и понатаму. Снабдувањето со прехранбени и други актикли и лекови се одвива без проблеми. Апелирам да се продолжи со строго почитување на препораките и да не се создава паника и страв.

March 16, 2020 15:26
in ДЕНЕС, РЕПУБЛИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Поминавме уште една мирна вечер, без проблеми во градот. Препораките на надлежните главно се почитуваат. Задоволни сме од состојбата затоа што ова многу ќе влијае во запирањето на проширувањето на коронавирусот, изјави градоначалнкот на Дебар Хекуран Дука, кој воедно раководи и со Оперативниот штаб откако во петокот во општините Дебар и  Центар Жупа беше воведена кризна состојба со цел спречување на ширењето на коронавирусот по регистрираните позитивни пациенти од овој крај.

– Нема нови заразени, се надеваме дека така ќе биде и понатаму. Снабдувањето со прехранбени и други актикли и лекови се одвива без проблеми. Апелирам да се продолжи со строго почитување на препораките и да не се создава паника и страв. Во Општата болница почна со работа екипата што пристигна од Скопје и заедно со нашите екипи е на терен во откривање евентуално нови случаи и следење на болните, отворање стационар. Значи, сите здравствени мерки се преземени, со цел инфекцијата да се стави под контрола, рече Дука

Посочувајќи дека Јавното комунално претпријатие „Стандрад“ врши редовно миење на улците и одлагањето на отпадот, апелираше дека е многу важно, граѓаните отпадот да го ставаат во најлонски вреќи и да ги ставаат во определените места за тоа.

Од Црвениот крст го информирале дека имаат многу повици од граѓани кои бараат храна, облека и лекови, објаснувајќи дека дотур на храна и лекови се врши само на семејства кои се во домашна изолација.  Треба да пристигне хуманитарна помош во прехранбени артикли која ќе биде складирана во магацинот на Црвениот крст, по што, најави, ќе се врши распределба според критеруми.

Како Оперативен штаб ќе бараат од Владата да се реши состојбата во однос на барањето на фабриките и сточарите за режим на движење како што има фабриката „Кнауф“.

– Сакам да го посочам барањето на фабриката за амбалажирање вода „Маја“, фабриката „Ди-гипс“ и сточарите кои бараат еднаков третман како фабриката „Кнауф“, односно режим на движење како што е за Кнауф така да биде и за нив. Тие предупредуваат и најавија дека ќе протестираат доколку ова не се реализира. Затоа, како Оперативен штаб бараме од Владата на РСМ овој проблем да се реши, рече Дука.

Next Post

Словенија: 253 заразени со Ковид-19

НАЈНОВО

Турска компанија пронајде злато во Сивас со проценета вредност од 1,7 милијарди долари

November 6, 2025

САД предложија нацрт-резолуција во ОН за мировниот план на Трамп во Газа

November 6, 2025

Протест пред Парламентот во Тирана: Граѓаните бараат да не се изгласа контроверзниот Предлог-закон за родова еднаквост

November 6, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Флик сака да ја напушти Барселона?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мамдани ја мобилизираше надежта, а нашите медиуми – стравот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 6 ноември

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk