ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Двата студентски дома во Охрид пренаменети за изолација на лица со полесни форми на инфекција од корона-вирусот

Согласно состојбата и мерките и препораките на Владата, раководството на локалната самоуправа  преку Координативното тело денеска одржа неколку состаноци со раководителите на здравствените установи во градот, директорите на јавните претпријатија, претставници на матичните лекари во градот се договорени оперативни мерки со чекорите што ќе се преземаат наредниот период.

March 16, 2020 14:19
in ДЕНЕС, РЕПУБЛИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Општина Охрид ги подготвува двата објекти на студентскиот дом „Никола Карев“ и ученичкиот дом „Ванчо Питошески“ во градот за сместување и изолација на пациенти инфицирани со корона-вирус, а се со полесна клинична слика. Станува збор за вкупно 68 соби во двата објекти, каде веќе се спроведуваат активности за дезинфекција и подготовка за прием на заболени.

Тоа денеска го соопшти градоначалникот на Охрид Константин Георгиески кој брифираше за активностите што ги спроведува локалната власт за исполнување на препораките по ситуацијата со корона вирусот. Во координација со Министерството за здравство, директорите на здравствените установи од градот треба да одредат која од болниците ќе биде целосно ставена на располагање за прием и лекување на тешки и средно-тешки случаи заболени со Ковид-19.

Согласно состојбата и мерките и препораките на Владата, раководството на локалната самоуправа  преку Координативното тело денеска одржа неколку состаноци со раководителите на здравствените установи во градот, директорите на јавните претпријатија, претставници на матичните лекари во градот се договорени оперативни мерки со чекорите што ќе се преземаат наредниот период.

-Општина Охрид издвои 300 илјади денари за помош на лица од социјално ранливите категории кои што ќе се во изолација, за основни прехранбени продукти, средства за хигиена и лекови. Заедно со Црвениот крст формирани се мобилни тимови со задача на старите и изнемоштени лица и лицата со посебни потреби, да им излезе во пресрет за било каква помош, рече Георгиески.

Општинските служби од денеска работат со редуциран број вработени и тоа со странки единствено преку шалтерскиот систем на архивата, повлечени се вработените на паркиралиштата ниуз градот, а наплатата ќе се спреведува единствено по електронски пат.

На медицинските установи во градот ќе им биде доставена медицинска опрема како термометри, пулсоксиметри, спирометри, мобилни екг-апатати, апартати за мерење притисок, глукометри и стетоскопи, набавени преку проектот „Cross for all“.

Изминатиот период се спроведени целосна вонредна дезинфекција на градинките, училиштата во градот, а наскоро ќе биде спроведена дезинфекција на сите образовни установи во градот. Дезинфекција е спроведна на Градскиот пазар, улиците во градот се мијат со средства за дезинфекција, редуцирани се локалните и меѓуградските линии, а возниот ред ќе се објавува на општинската интернет-страница. Возилата на општинските линиски превозници секојдневно се дезинфицираат, возачите задолжително носат заштитни маски и ракавици, со препорака идентично да се однесуваат и такси-превозниците.

Најавено е дека состаноци на Координативното тело ќе се одржуваат секојдневно, за следење на ситуацијата на терен и преземање соодветни мерки.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Next Post

Филипче: Нема нови дијагонстицирани случаи на корона вирусот

НАЈНОВО

Во Битола 8 кандидати за градоначалник и 16 листи за Совет

September 16, 2025

Началникот на ГШ на Армијата Лафчиски на конференција на САД-Јадранската повелба (А-5) во Тирана

September 16, 2025
Фото: ДЗС

ДЗС: Изгаснат пожарот во депонијата „Дрисла“ што избувна синоќа

September 16, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: МИА

    Дуел за Штип: Само двајца кандидати за градоначалник, 11 листи за советници

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Митева: СДСМ и Филипче со патолошки пристап во политиката, без аргументи создаваат магла и лажни скандали

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Продолжува судењето за случајот „Онкологија 2“ против Нино Васев и Нехад Нухи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Шукова: Нема протокол, има чад, имам план за заштита на граѓаните од пожарите и депониите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВМРО-ДПМНЕ ја објави листата на кандидати за советници за Советот на Град Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk