Екипата „Урбани акции“ со нова акција на плоштадот во центарот на Скопје.
Од екипата велат дека акцијата „Држете растојание“ има за цел на најдиректен и визуелно експлицитен начин да ги потсети граѓаните да држат растојание, да избегнуваат гужви, да го намалат ракувањето и ги минимизираат своите контаки и на тој начин да се заштитат себеси и другите од невољата која не снајде сите со пандемијата на вирусот Ковид 19.
„Едновремено преку акцијата сакаме да ги потсетиме граѓаните да ги почитуваат препораките и да се придржуваат до упатствата кои ги издаваат надлежните државни органи. Сметаме дека во оваа ситуација превенцијата е најбитна и затоа преку јазикот на уметноста се обудуваме да ги комуницираме пораките за превенција од ширење на опасниот вирус.
Како уметници и активисти неможеме да останеме неми во вакви ситуации и сметаме дека во овие тешки денови секој треба да го прави она што најдобро го знае вклучувајќи ги тука и уметниците и активистите кои преку своите дела можат да влијаат и да го информираат населението за мерките кои треба да се превземаат за самозаштита. Оваа акција ја посветуваме и подаруваме на медицинските лица и здравствените работници кои деноноќно се борат да го зачуваат јавното здравје. На крајот а согласно препораките на министерството за здравство сакаме да напоменеме дека при изработката на оваа акција непостоеше никаков директен контакт помеѓу членовите на групата туку работевме во фази и секвенцијално, секој човек ралзична фаза за да избегнеме директен контакт но и за да докажеме дека иако е тешко работите можат да се завршат и на овој начин.“