ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Министерството за правда со мерки за зголемена заштита на граѓаните во нотарските канцеларии

3. Нотарот е должен да овозможи средства за дезинфекција на рацете на странките, како и на пенкалата кои се користат во канцеларијата.

March 16, 2020 18:47
in ДЕНЕС, ПРАВДА
Share on FacebookShare on Twitter

Во правец на реализација на мерките и препораки за заштита и превенција од КОВИД -19 донесени од страна на Владата на Република Северна Македонија на 19-тата седница од 14.03.2020 година, а соочени со потребите на граѓаните за непречен пристап до нотарските услуги, Министерството за правда испрати известување до Нотарската комора. Станува збор за следното известување со кое се предвидуваат низа мерки:

1. Се суспендира примената на Правилникот за работно време на нотарските канцеларии, (Сл.весник на РМ бр. 226/16 и 165/17). Нотарските канцеларии се должни да го организираат своето работно време согласно потребите на граѓаните и правните лица и кадровските можности во секоја од канцелариите, притоа имајќи ги предвид одлуките на Владата за прогласување на кризна состојба на определени подрачја и одлуките за справување со вирусот КОВИД-19. За своето работно време секоја од канцелариите е должна да истакне видливо соопштение на својата влезна врата од надворешната страна и за истото да ја извести Нотарската комора, која таквиот податок ќе го евидентира на својата веб страна во делот на Именик на нотари, со цел да им биде податокот достапен на сите заинтересирани без притоа да има потреба од непосредно одење пред нотарските канцеларии. Нотарот е должен на соопштението да остави и телефонски број во случај на итни потреби на граѓаните од нотарска услуга.

2. Нотарот е должен да оневозможи пристап во канцеларијата на повеќе странки истовремено. Доколку во предметот има повеќе учесници, нотарот е должен да обезбеди раздалеченост помеѓу секој од нив од 2 метри и посебно пенкало за потпишување за секој од учесниците, со цел да се превенираат непосредни директни контакти помеѓу учесниците.

3. Нотарот е должен да овозможи средства за дезинфекција на рацете на странките, како и на пенкалата кои се користат во канцеларијата.

Нотарските канцеларии се должни да се придржуваат до овие мерки и тековно да ги следат информациите и препораките на Владата во однос на заштита и превенција од КОВИД -19, со оглед на сериозноста на состојбата со пандемијата и општествената одговорноста на секој поединец и институција, вршител на јавни овластувања и слично, во правец на реализација на истите, без притоа да се наруши општественото живеење и потребите на граѓаните и деловната заедница.

Воедно, ја информираме јавноста дека Комората на извршителите постапувајќи по препораките на Владата и Министерството за здравство, минатата донесе низа мерки за безбедни извршителски услуги. Истите се достапни овде.

Министерство за правда

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Next Post

Најновата уметничка инсталација „Држете растојание“ заврши на плочник

НАЈНОВО

Фото: МИА

Мицкоски: Aпликацијата m.Uslugi ќе ја промени државата од корен

October 4, 2025

Герасимовски: Поставуваме две монтажни гаражи со 900 нови паркинг места

October 4, 2025
Фото: МИА

Лидерите на Западен Балкан в понеделник во Драч на самитот на иницијативата Брдо-Бриони

October 4, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Филипче: Скандал, ДПМНЕ склучи договор со ИРД за надзор, фирмата која беше за нив криминална

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Мисијата е силен застапник на Охридскиот рамковен договор“ – ОБСЕ со порака по одлуката за укинување на двојазичноста на униформите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Костова: Изјавите на Мицкоски за Кочани се апсолутен недостаток на емпатија и се на граница на социопатија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Реакција од Белата куќа на шегата на Еди Рама со Макрон и Алиев

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Душата е важна, но не без ич мозок!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk