СЗО потврди, ние сме државата која најдобро ги имплементира мерките за заштита, рече претседателот Стево Пендаровски на денешната прес конференција во Вила Водно.
Пендаровски додаде дека министерот Филипче им го презентирал целокупниот план за актуелното распоредување на сите здравствени работници на територијата на земјата, кои се директно ангажирани, а кои во резерева и заклучокот е дека станува збор максимална и целосна мобилизација на здравствените работници.
„Заклучокот на Советот на безбедност е дека поставеноста на државата во овој момент е соодветна и адекватна на ризиците на ризиците на кои сме изложени, за што впрочем зборуваат проценките и коментарите на СЗО, кои тврдат дека ние сме државата од поширокиот регион која најдобро и најдоследно ги имплементира мерките кои се наложени од нив“, додаде претседателот Пендаровски.