Согласно активностите на МВР, остануваме отворени за извршување на секојдневните задачи. Исто така сите граѓаните кои ќе влезат на нашата територија на граничните премини, ќе добијат наредба и изјава дека самоволно заминуваат во самоизолација независно од која земја доаѓаат. Ова е строга мерка, но единствен начин на кој полицијата ќе има можност да ја искористи ситуацијата на терен, изјави Славјанка Петровска, заменик министерка за внатрешни работи, во вечерашното издание на Топ тема на Телма.
Петровска исто така информираше дека доколку се појават нови жаришта на коронавирусот како во Дебар, полицијата ќе го ограничи движењето на граѓаните.
-Ограничување на движење значи дека полицијата има право да го ограничи движњето како што е сега во Дебар. Можеби ќе се појави потреба доколку се појават нови жаришта да се ограничи движењето и во тие средини, вели Петровска.
Таа додаде дека Министерството за внатрешни работи на седница на Влада ќе предложи управните служби да работат по скратено работно време.