ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Видиниќ: Пациентката од Италија беше примена во тешка состојба, но успешно заврши лекувањето од корона вирусот

Докторот од Инфективната клиника додава дека медицинските лица на клиниката кај заболените влегуваат комплетно заштитени со сите протоколи за да се намали било каков ризик кон медицинскиот персонал.

March 16, 2020 20:25
in ДЕНЕС, ПАНДЕМИЈА

Сите пациенти заболени од корона вирусот се во стабилна состојба. Три се лесни ситуации, 6 средно тешки, 6 што се потешко болни и една пациентка е во критична состојба. Сите примаат терапија генерално, состојбата генерално е стабилна. Третманот на зболените е системски одмор, хидрирање, внесување електролити и систематска терапија. Лек конкретен нема, се е во фаза на испитување, има повеќе експерименти во развиените земји, но ниту еден не е препорачан од СЗО за третман на овој вирус. Додека не добиеме таква препорака, нема да шпекулираме, изјави Иван Видиниќ од Инфективната клиника, пренесе Локално.

-Имаме и еден случај кој го заврши лекувањето кај нас, успешно. Пациентката имаше 2 негативни тестови ќе продолжи нејзината изолација дома. Една недела била болна во Италија, со клиничка слика на развиена болест ја примивме. Спаѓаше во тешка состојба, но лекувањето заврши успешно и после престојот од 14 дена пациентката е пуштена дома, вели Видиниќ.

Тој информираше дека најмладиот пациент има 15 години, а сите останати се над 50 години.

-Кај помладите се манифестира како обичен грип со лесни симптоми, но можноста за ширење е иста како и кај постарите луѓе. Момчето има лесен облик на болеста, беше сосема случајно и откриен, вели Видиниќ.

Докторот од Инфективната клиника додава дека медицинските лица на клиниката кај заболените влегуваат комплетно заштитени со сите протоколи за да се намали било каков ризик кон медицинскиот персонал.

-Доколку се држиме до протоколот ризикот за заболување на персоналот е минимален, вели Видиниќ.

Next Post

Петровска: МВР ќе дава наредба за самоизолација за секој што ќе влезе во државата

НАЈНОВО

Instagram

(ВИДЕО) Од какао до ремек-дело: Чоколадната уметност на Амори Гишон

August 13, 2025

Лазарини: Повеќе од 40.000 деца беа убиени или ранети во израелските напади

August 13, 2025
Зеленски во Турција. Фото: Скриншот

Зеленски по состанокот во Берлин: Мојот став за присуството на украинските војници во Донбас останува непроменет

August 13, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Андреј Жерновски. Фото: ФБ

    Паника поради падот од 130.000 гласа

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Билјана Ивановска независна кандидатка за градоначалничка на Центар поддржана од Платформата „Независни заедно“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • И сè ова е само почеток

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Вучиќ најави дека не може да се кандидира на следните избори и „не му паѓа на памет“ да го менува Уставот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уапсен скопјанец, фрлал камења врз хеликоптер што полнел вода за да гасне пожари

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk