пишува: БРАНКО ТРИЧКОВСКИ
Интересен е односот меѓу вирусот и човекот.
Белите дробови на човекот за вирусот се тоа што се респираторите за човекот. Пандемијата е висока фаза на борбата на вирусите за животен простор. Вирусот нема интерес да го убие човекот затоа што на тој начин би се убил себе. Обратно, тој го развива имуниот систем кај човекот, а себе си се мутира и на тој начин повторно отвора простор за себе и нов пакет стимулативни мерки за човекот. Вирусот ја сјебува нашата претстава за еволуцијата како праволиниски процес од нижоста кон вишоста. Со човекот како врв на пирамидата. Целта на сегашната кампања што ја води коронавирусот, не е да го истреби човештвото, туку да го подготви да биде здрав, одржлив, енергетски ефикасен животен простор за новите генерации вируси.
Така функционира божествената рамнотежа во природата.
Од коронавирусот досега умреа околу 5.000 лица, што е помалку од два отсто од загинатите во граѓанската војна во Сирија. Но, Сирија е локализиран глобален судир кој посредно допира до остатокот на светот како филмски спектакл, додека короната ни ја донесува атмосферата на Алепо во секоја европска и американска метропола и во секоја балканска паланка.
Со неверојатните помешаности на разбирањето на смртта и на животот во битката на бегалците да излезат од една и да влезат во друга зона на смртта, со шанси да загинат на самата граница меѓу тие две смрти.
И вирусите се бегалци.
Човекот им го убил нивното живеалиште така што од лилјакот посакал да прави народна медицина или супа, убава супа од лилјак. Вирусите биле принудени да бараат нов дом во белите дробови на човекот. И тие, како и луѓето бегалци, се со ориентација на Запад. И тие како и луѓето јурат кон некоја вакцина која ќе ги сјебе до наредната генерација која со вакцината ќе се храни.
Богатството на микросветот е поголемо од моќите на човекот да го осознае и совлада тој свет. Една од првите последици на актуелнава кампања ќе биде ориентацијата кон покривање на сите материјални кадровски и финансиски потреби на науката во сегашните и идни битки на човекот со вирусите. На тие елементарности со огромни смртоносни замрзнати потенцијали на Арктикот или во Сибир. Во комбинација со многу порешителна борба против климатските промени односно глобалното затоплување кое се повеќе ќе ги ослободува потенцијалите на вирусите и бактериите. Третата последица ќе биде отворањето на процеси за ревизија на статусот на државите односно на организацијата на светот и човештвото. Се разбира, светот ќе биде пред предизвик да сврти десно, но јас мислам дека ќе биде обратно, дека луѓето ќе сакаат да се врати излеаната вода на популизмот и кретенизмот во коритото на нормалната односно нормално стратифицирана демократска организација. Вирусите ќе ги уништат перспективите на екстремите од типот на Салвини, Ле Пен, АфД или вмро-дпмне, а демократскиот систем ќе мора да го направи построг отклонот од феномените кои ја користат демократската платформа за да воспостават царство на глупоста и војната, на примитивизираниот човек, во крајна линија и на вирусите. Мора да се преземе нешто против интензивниот процес на заглупавување на луѓето на сите меридијани и во сите култури под дејство на самоубиствено либерализираните медиуми, особено низ социјалните мрежи. Уште Гомбрович има пишувано дека напредокот на човештвото не ја сузбива туку ја развива глупоста и тоа токму како последица на развојот.
Освен што на фасцинантен начин се бори против коронавирусот, пишував пред некој ден на Фејсбук, Филипче ја соочува нацијата и со три други, исклучително важни информации: Дека сите институции не се смачкани, дури, дека имаме институции и системи кои се високо, можеби, дури на светско ниво за вакви предизвици, второ, дека имаме луѓе, стручњаци и граѓани кои не се потрошени во бескрупулозната политичка експлоатација и, трето, дека имаме матица на стручна етика и на општиот морал кои се далеку над нивото во кое мислевме дека сме потонати под налетите на специјалната војна на вмороните и на останатите домашни и странски фактори против нормалноста и здравјето. Новата македонска химна би требала да се угледа на полската и да се вика: „Уште Македонија не е мртва“, или, можеби, треба да почнува со „Жива е Македонија, жива!“
Вирусот го напаѓа организмот, а вмро му ги отвора вратите така што го разорува имуниот систем на нападнатиот. Му ги уништува сензорите на вредносната ориентација и на социјалната емпатија и одговорност, на пристојноста и здравата човечност, го оѕверува, го кретенизира и го прави нечовек, го вади на улица тогаш кога треба да седи дома, го тера да гласа за „ш“ кога треба да гласа за „а“, вморонската идејна и културна апликација го тера да се движи или да стои во стадо тогаш кога науката му вика дека треба да биде сам, да ги полни домашните тоалети со залихи храна за да нема кај да сере освен пред телевизорот, тоа е тој смртоносен културен модел на отпор и разградување на државата како нешто што ја посредува љубовта меѓу вмро и народот до степен кој налага уништување на државата во името на љубовта на злото со простоќата. Тоа е. Ние ќе го победиме КОВИДОТ-19, но ако не го победиме вмро ние ќе останеме натртени да ни го начука некој друг вирус кој ќе има поголем пенис од 19 сантиметри колкав имал короната која деновиве му се доверила на Кикифрики кој, пак, мислел дека 19 е некој рекетарски код, нешто слично како тринаесетката кај Боки.
Тоа е уште еден статус кој укажува на контрастот што го донесе коронавирусот во македонското општество, таа, значи, јасноќа која на едната страна го става мракот на вмро-дпмне како категорично злосторничка инсталација, независно од тоа од каде им извира злото и на другата страна државата со сите субјекти, со шаренилото на субјектите, добри и лоши, паметни и помалку паметни, богати и сиромашни, но помалку или повеќе нормални и поврзани во интересот да живеат заедно.
Злото мора идејно, културолошки, медиумски и физички да се тргне од сцената. Тоа зло континуирано емитира вонредна состојба и затоа е нужна вонредна состојба на државата која ќе го стави под контрола. Тешката ситуација што ќе следи по совладувањето на Ковидот нема да може да се решава без елиминацијата на таа главна загроза.