На денешната прес-конференција министерот за здравство Венко Филипче истакна сека денешната бројка на заболени со корона вирус во земјата е 26 пациенти.
Утрово се тестирани 10 пациенти. Позитивни се тестовите се 3-ца пациенти кои се тестирале на Клиниката „Жан Митрев“, а за нив ИЈЗ направи контрони тестови кои го потврдија претходниот резултат. Состојбата на сите пациенти е стабилна. Стабилна е и пациентката која е на респираторна машина.
Еден новозаболен пациент е од Скопје и е сместен на Клиниката. Фамилија сопружници е во домашна изолација и ќе се сместат во клниката.
17 заболени се на Клиниката во Скопје и 9 се во Дебар. Капацитетот на Клиниката е спремен за да ги прими сите пациенти, истакна Филипче.
Од Кинеската амбасада најавиле дека следи помош во маски и апарати.
Филипче рече дека во договор со градоначалникот Шилегов ќе се зголеми бројот на автобуси од ЈСП.
200 луѓе наши државјани од Унгарско-српска граница се очекува да стигнат на нашиот премин Деве Баир и сите ќе одат во касарната Пепелиште во Криволак во групен карантин.
Епидемијата е во силен ек, рече Филипче и очекувано е бројот на зболени да се зголемува, затоа е најбитно да се спречи локалната трансмисија.
„Сите мерки се преземени, останете дома, не се групирајте, ограничете го движењето и не се задржувајте во маркетите. Посебно внимание да се обрне на децата и на хронично болните.“ порача министерот
Сметам дека овие мерки кои ги преземаме ќе сопречеме да немаме остар пик на епидемијата, истакна Филипче.
Ако продолжат и верските собирања, ќе предложам на Владата тие да се забранат, порача министерот Филипче.