Италијанската Влада усвои пакет мерки за помош на економијата во висина од 25 милијарди евра, со цел да ги ублажи негативните влијаниа од епидемијата со новиот коронавирус.
Според италијанскиот премиер Џузепе Конте, средствата ќе бидат наменети за самовработените лица и за загрозените семејства. Исто така предвидени се најмалку 10 милијарди евра за помош за исплаќање на плати. Додека јавното здраваство ќе добие повеќе милијарди помош.
Конте посочи дека дури и новиот пакет мерки нема да биде доволен и оти треба да се пронајдат нови средства.