Движењето БЕСА е среќно што и другите политички партии се согласуваат со овој став дека здравјето на граѓаните е пред се. Затоа денес едногласнос е согласивме дека нема услови за организирање избори, изјави лидерот на БЕСА, Билал Касами по денешната лидерска средба кај претседателот Стево Пендаровски.– Како ќе се продолжи понатаму под покровителство на претседателот, да се свикаат експерти од правната област кои ќе најдат решение да се прекинат роковите за изборите и да се соочиме со оваа состојба. Нема определување на датум бидејќи станува збор за комплицирана ситуација кога не знаеме во која фаза е ширењето на коронавирусот. Решивме да се одложат изборите и датумот ќе се утврди кога ќе имаме нормална состојба и ќе имаме нормални услови за волјата на граѓаните да биде претставена – рече Касами.