Да им се заблагодарам на сите лидери на политички партии за одлуката за одложување на изборите затоа што здравјето на граѓаните е пред и над се. Треба да ги напуштиме партиските интереси кога граѓаните на земјата го очекуваат тоа од нас, рече претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски веднаш по лидерската средба кај претседателот Стево Пендаровски.
„Едногласно решивме дека предвремените парламентарни избори кои беа закажани за 12 април терба да се одложат. Ние за време на состанокт дискутиравме како да се најде правна осносва сето тоа да се реализира. ВМРО-ДПМНЕ, смета дека прво треба да се следи Уставот а потоа Законите. Имаше неуставни предлози за свикување на Собранието кое е распуштено, но според досегашните искуства, ние сметатме дека тоа не стреба да се случи. Наш став е дека веднаш по лидерската средба, да се формира експертски тим којшто ќе донесе правна основа, фундамент, за одложување на изборите“, рече Мицкоски.
Она што ВМРО-ДПМНЕ го побара, рече Мицкоски, е различно, дали да имаме кризна состојба или вонредна состојба.
„Уставот предивдува вонредна, но не и кризна состојба, но вонредна состојба не е регулирана со закон и не се знае кои би биле чекорите. Од друга страна постои Закон за кризи, кога се формира кризен штаб. Можеби треба експертите кои подоцна ќе разговараат да донесат решение, може треба криза на целата територија да се прогласи, а после тоа вонредна состојба“ објасни тој.