Како резултат на затворањето на театрите од опасностите од корона вирусот, МНТ на својата публика ќе им овозможи следење онлајн на претставите, кои ќе ги направи достапни за сите, преку својот Јутјуб канал. МНТ стартува утре онлајн со почеток од 20 часот со претставата „Сомнително лице“
МНТ ВО ВАШИТЕ ДОМОВИ
„Драга публико, бидејќи овие денови не можете да уживате во магијата на театарската игра, МНТ е секогаш тука за вас. Од утре со почеток од 20 часот стартуваме онлајн и во вашите домови, каде што бесплатно преку нашиот YouTube-канал можете да ги гледате претставите со следниот редослед: 18.3. „Сомнително лице“, 19.3. „Изгубени Германци“, 20.3. „Парите се отепувачка“, 23.3. „Да тргнеме Сењор“ и 24.3. „Мајсторот и Маргарита“.
Останете дома, очејкувајте ги линковите за секоја претстава, почитувајте ги препораките, бидете со нас и гледајте нѐ онлајн.“ порачуваат од МНТ на нивната Фејсбук страна.