На својот Фејсбук профил денес, театарот Комедија од Скопје соопшти дека својот репертоар ќе го пренесува онлајн.
Скопскиот театар Комедија од утре се придружува на останатите театри и културни институции во онлајн бесплатен репертоар во време на самоизилацијата на граѓаните.
„Почитувана публико,
Со оглед на тоа што овие денови треба да се поминуваат дома, од утре со почеток во 20 часот Театар Комедија стартува онлајн и ќе биде присутен и во вашите домови, од каде што секоја вечер ќе можете бесплатно да гледате по една од нашите претстави.
Во текот на утрешниот ден ќе објавиме која претстава ќе може да ја погледнете утре во 20 часот на нашиот YouTube-канал, кој ќе биде достапен од утре.
Останете дома, почитувајте ги препораките и останете во добро расположение со нас!“
А. Н. Стојчевски