Вкупно 200 граѓани што треба да пристигнат денеска одат во групен карантин во касарната Пепелиште, соопшти денеска министерот за здравство Венко Филипче.
Претходно, министерот за внатрешни работи Наќе Чулев соопшти дека денеска треба да пристигнат 200 граѓани кои организирано треба да бидат земени од граничниот премин меѓу Унгарија и Србија.
До сега во земјава има 26 регистрирани случаи на заболени од корона вирус, а во моментов уште 10 се тестираат.
Министерот за здравство Венко Филипче на денешната прес-конференција упати посебна порака до верските заедници да престанат да прават групни обреди во црквите и џамиите.
Ако продолжат да ги кршат препораките, ќе побарам од Владата стриктно да ги забрани верските собирања, порача Филипче.