Министерството за здравство соопшти дека од десетмината кои попладнево беа тестирани за корона вирус, петмина се позитивни на Ковид-19.
– Позитивна е сопругата на веќе дијагностицираниот пациент од Скопје и четири здравствени работници – двајца доктори и две медицински сестри од Дебар. Со ова, бројката на заболени со корона вирус во земјата се искачи на 31, се наведува во соопштението на Министерството.