Времето во земјава ќе биде претежно сончево со слаб до умерен северозападен ветер.
Дневната температура ќе се движи од 9 до 17 степени.
Во Скопје претежно сончево со слаб до умерен северозападен ветер. Дневната температура ќе достигне до 16 степени.
До сабота ќе се задржи стабилно време со постудени утра и со постепен пораст на дневната температура. Во среда ќе дува умерен северен ветер.