Неколку Амбасади на САД во светот ги стопираа рутинските услуги за издавање на визи од предострожност, соопшти Американската амбасада во Јужна Кореја.
Суспензијата за издавање визи важи во земјите за кои Стејт департментот издаде предупредувања за патувања од втор, трет и четврти степен на опасност од новиот корона вирус.
Стејт департментот издаде предупредувања за патувања во стотина држави.