ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Царовска за економските мерки: Бескаматни кредити, субвенции на придонесите, фабриките да работат во 4 смени

Мораме да го задржиме секое работно место, па затоа обезбедуваме субвенционирање на придонесите за вработените од секторите туризам, транспорт, угостителство и други компании погодени, за месец април, мај и јуни со цел да субвенционираме придонеси по вработен во висина од 50 проценти од придонесите за исплатена просечна плата во 2019 година, со тоа што компанијата да не го намали бројот на вработени, да нема исплатено дивиденда и да нема исплатено бонуси

March 18, 2020 10:46
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА, ПАНДЕМИЈА

Корона вирусот е глобална закана за здравјето на граѓаните. Наша примарна работа е да направиме се што можеме да ги заштитиме граѓаните, рече вицепремиерката за економски прашања, Мила Царовска на прес конференција за првите економски мерки во земјава. Таа даде поддршка на здравствените работници, полицијата, пожарникарите, но и на вработените во марктетите и аптеките, како и на сите граѓани кои работат во време на пандемијата поради корона вирусот.

„Покрај здравствените ризици, коронавирусот донесе предизвици за светската економија. Таа трпи засега се уште несогледливи негативни последици. Македонската економија исто така нема да остане имуна, па затоа час поскоро треба да започнеме со мерки за заштита на економијата и компаниите, а со тоа и поддршка на граѓаните. Правевме темелни анализи на можните последици и мерките кои треба да ги преземеме. Заеднички дојдовме со сет мерки. Започнуваме со реализација на мерки за заедно справување. Ќе се балансираат ликвидноста на компаниите и ликвидноста на буџетот“, истакна Царовска.

Вицепремиерката посочи дека ќе се доделуваат кредити на компаниите погодени од кризата со корона вирусот кои ќе бидат бескаматни, а ќе се добиваат преку Развојната банка на Северна Македонија.

„Првата мерка се однесува на директна поддршка за ликвидност на микро, мали и средни претпријатија. Со 5. 7 милиони евра ќе се кредитираат компании поради неликвидност. Кредитите се дизајнирани со голема внимателност, за да може да добијат повеќе фирми. Микро компаниите до 10 вработени ќе можат да земат кредити од 3 до 5 илјади евра, малите компании со 10 до 50 вработени, од 10 до 15 илјади евра, а средните компании од 50 до 250 вработени, од 15 до 30 илјади евра. Овие кредити се бескаматни, а грејс период е 6 месеци и период на отплата е 2 години. Бесплатно е и администрирањето на кредитите“, истакна Царовска.

Вицепремиерката за економски прашања нагласи и дека ќе има субвенционирање на придонесите на вработените во фирми кои се погодени од кризата поради коронавирусот.

„Втората мерка е за делот на исплата на плати. Мораме да го задржиме секое работно место, па затоа обезбедуваме субвенционирање на придонесите за вработените од секторите туризам, транспорт, угостителство и други компании погодени, за месец април, мај и јуни со цел да субвенционираме придонеси по вработен во висина од 50 проценти од придонесите за исплатена просечна плата во 2019 година, со тоа што компанијата да не го намали бројот на вработени, да нема исплатено дивиденда и да нема исплатено бонуси“, рече Царовска.

Владата, рече таа, дава и препорака фирмите со многу вработени да воспостават четирисменско работење по потреба, со цел да има помалку вработени во една смена, како и дезинфицирање помеѓу секоја смена.

„Една од клучните прашања е работењето на погоните и фабриките каде работат поголем број на вработени. Владата препорачува до овие компании да ја организираат работата во смени, по потреба и 4 смени, се со цел да има помалку вработени во смена. Препорачуваме да се дезинфицираат фабриките при пормена на смени.  Заради овозможување на непречен влез и транзит на товарни возила, санитарниот инспекторат преку Макан Транс ќе дава дозволи за влез, со цел да не престане трговската размена, а ќе се влегува согласно протоколот на Министерството за здравство. Започнуваме активни разговори со меѓународните соработници, за да се предвидат наредните предизвици, посочи вицепремиерката Мила Царовска.

Next Post

Амбасадите на САД во некои држави не издаваат визи

НАЈНОВО

БМВ планира ривал на Г-Класа за 2029 година

August 14, 2025

Продолжува потрагата по исчезнатите мигранти по двоен бродолом кај Лампедуза

August 14, 2025
Фото: Ви

Карл Билд: Ако Трамп сака може да ја врати Алјаска на Русија, но нема никакво право да тргува со територијата на која било друга нација

August 14, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Од социјалните мрежи до коридорите на моќта: Престанете да ѝ кажувате на Украина да отстапи земја, почнете да ѝ кажувате на Русија да ја врати

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Паника поради падот од 130.000 гласа

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Карл Билд: Ако Трамп сака може да ја врати Алјаска на Русија, но нема никакво право да тргува со територијата на која било друга нација

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • MРАЧЕН МЕДИУМСКИ ПЕЈСАЖ (2): Главен уредник – Александар Вучиќ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кандидатката за градоначалничка на Центар, Билјана Ивановска: Ќе се борам стандардот 3-33-300 да се воведе и во Центар

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk