Француските здравствени власти соопштија денеска дека 89 лица починале од Ковид-19, втор ден откако се воведени сериозни ограничувања за движење.
По ненадејното зголемување на бројот на смртни случаи вкупно 264 пациенти починале од новиот коронавирус во Франција.
На прес-конференцијата, шефот на француските здравствени служби, Жером Саломон, рече дека бројот на заразени од вчера се зголемил од 7.730 на 9.134, што претставува зголемување од 18 проценти за 24 часа.
Соломон рече дека состојбата на 931 пациенти е сериозна и им е потребна интензивна нега.