Откако низ целиот свет се откажаа сите можни големи настани, од првенство во фудбал, до Олимпијада, денес на своите официјални профили на социјалните мрежи, истото го направи и организацијата на Евровизија.
Откако речиси сите земји веќе избраа свои претставници, беше промовирано годинешното мото Open Up, EBU објави соопштение во кое вели:
„Со длабоко жалење ве информираме за откажувањето на Евровизија 2020 во Ротердам.
Во изминатите неколку недели разгледувавме неколку алтернативи за да избегнеме одложување на настанот.
Сепак, несигурноста околу ширењето на Ковид-19 низ Европа – и рестрикциите кои притоа се наложуваат од сите влади на државите учесници, а во координација со холандските надлежни институции, ESC одлучи дека нема услови да продолжи со планирањето на настанот.
Горди сме што ова натпреварување ја сплотува публиката секоја година, без прекини во изминатите 64 години, и ние, како и милиони други низ светот, жалиме што Евровизија нема да се одржи овој мај.
EBU и останатите задолжени за организација на настанот ќе бидат во постојана координација за организирање на Евровизија 2021.
Ја замолуваме публиката на разбирање додека се соочуваме со последиците од ова откажување, и најавуваме новости во текот на наредните недели.
Би сакале да ги поздравиме сите одговорни за организацијата во Холандија и нашите членови кои неуморно работеа на организација на настанот.
На сите ни е тешко што годинава нема да имаме Евровизија во мај, и знајте дека целото евровизиско семејство низ светот праќа љубов и поддршка во ова тешко време.“ – пишува во сооштението.
An official statement from the European Broadcasting Union on the #Eurovision Song Contest 2020. pic.twitter.com/b3h7akxvpF
— Eurovision Song Contest (@Eurovision) March 18, 2020
А. Н. Стојчевски